Фејсбук ги прави мајките несигурни?!

0

Ново истражување покажува дека сите оние слики на Фејсбук профилот може да имаат подлабоко значење.

Ако вашата страна на оваа социјална мрежа секој ден се преполнува со фотографии на новите бебиња на пријатели, тогаш пробајте наместо да им кликнете “like” или да пишете коментар за убавината на детето, да им се јавите и да се сретнете со нив.

Ова е од причина што новите родители имаат потреба од реален живот и луѓе кои ќе има кажуваат повремено дека добро ја завршиле родителската задача.

Студијата направена во Охајо, вели дека постојаното ставање фотографии од новото бебе може да биде знак за несигурност на жените кои стануваа мајки за првпат во животот.

Долгорочното истражување било објавено во Sex Roles, а за потребите биле искористени податоци од 127 високо-образовани мајки кои се вработени.

BLACK-MOTHER-AND-BABY-ON-COMPUTER-facebook

Почнувајќи од третото тримесечје од бременоста, истражувачите ги прашувале мајките колку тие се идентификуваат со нивните мајки во улогата на родител, и кои тие веруваат во социјалните очекувања за тоа што значи да си совршен родител.

Исто така, ја мереле нивната активност на Фејсбук, колку често ставале фотографии од бебето, како реагирале нивните пријатели на тоа, колку коментари и лајкови имале.

Истражувачите ги бележеле промените  кај мајките, симптомите кај нив, дали тие покажувале знаци на депресија, после три и девет месеци од раѓањето.

Дознале дека мајките кои постојано ставале фотографии на Фејсбук од нивните бебиња, чувствувале поголем притисок да бидат доживеани како совршени мајки и строго се идентификувале со улогата на традиционален родител.

Исто така, биле најмногу погодени од коментари и лајкови и од тоа ако фотографијата не наиде на позитивен одзив кај пријателите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот