Ел Макферсон: Изгледајте одлично и во 50те

0

Ел Макеферсон е австралиски супермодел, дизајнер на женска долна облека, актерка и мајка на два возрасни сина. Таа имa 53 година и изгледа совршено.

Интересно е што никогаш не ги крие годините, туку секогаш е подготвена да сподели некој совет за добар изглед.

Таа вели дека тајната на нејзиниот изглед е здравата и балансирана исхрана, редовна физичка активност и pH баланс.

“Во моите чанти секогаш може да се најдат тестови за мерење на pH вредноста, никаде не одам без нив” – вели таа.

2260455-660x460_Quality100_670x467_Quality100_VANITYFAIR-650-1464869808

 

“Секој ден ги првам моите утрински вежби и одам во сала за вежбање каде часот ми трае 45 минути. Редобно пешачам и скијам. Не јадам црвено месо и преработени производи. Пиењето алкохоли пушењето цигари воопшто не ги практикувам.

На мојот режим на исхрана додавам и витамини кои ми помагаат да останам активна. Сметам дека и протеинот е важен за исхраната, затоа редовно го консумирам. За време на мојата активна кариера,кога исто така водев здрав живот, пробав и алтернативна медицина и акупунктура” – советува Макферсон.

2260555-660x763_Quality100_670x775_Quality100_Elle-Macpherson-1232247-650-1464869808

Режимот на исхрана е најважниот сегмент во нејзиниот животен стил. Таа консумира само органски производи и пие 3 литри вода секој ден.

Ел е сигурна дека убавината е нешто кое доаѓа од внатре, но дека не треба да остане само на тоа, туку мора да се внимава што се внесуваво организмот.

Тоа е рецептот за убавиот изглед кој таа се уште го поседува.

2260655-elle-macpherson-789789-650-1464869808

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот