Другата жена не ви е непријател

0

Нема жена која не била изневерена. Нема жена чија другарка не била изневерена. Штом се случи таквата катастрофа се подразбира дека ќе ја мразиме другата жена која без никакви чувства и обѕири влегла во туѓата врска. Сакала да ја уништи. Да, има вистина во ова последново, но има уште поголема вистина и во тоа дека никој нема да влезе некаде каде што не е добредојден.

И што се случува? Ако нашата пријателка е изневерена ние групно ја мразиме другата жена и таа станува непријател број 1. Така функционира пријателската солидарност. Ако ние сме изневерени ја мразиме неа и се што е поврзано со неа. Уште една вистина и реалност која се случува.

Но, забораваме една клучна работа: вистинскиот непријател лежи во креветото до вас. Вашата љубов, вашиот партнер е непријателот. Не очекувајте другата жена да има некакви чувства кон вас и вашата врска, кога партнерот ги нема во моментот на изневерување.

Не очекувајте таа ја го сноси товарот на врската кој некаде почнала да го губи правецот. Не очекувајте таа да биде крива за недораснатоста на вашиот партнер на зрела врска. Таа не крива што тој  е кукавица. Таа е личност која ја искористила предноста во ситуацијата што и се отворила.

Другата жена направила голема збрка и тоа е вистина. Нема простување. Но, одмаздата не треба кон неа да биде насочена. Таа нема да ви ги реши проблемите. Вие со партнерот треба да си ги решите, ако воопшто имаат можност за тоа. Ако не, треба да се прифати фактот дека е крај и да се продолжи понатаму.

Ако пак решите да му простите, во тој случај нема навраќање назад. Да ќе постојат стравови и сомнежи, но тоа ќе биде товар кој самите ќе треба да го сносите бидејќи решивте да му простите. Заборавете на тоа дека во секоја караница ќе му го споменувате неверството, ќе го условувате со тоа, бидејќи таквиот пристап нема да фунцкионира многу долго. За кратко време ќе се најдете повоторно каде што сте биле претходно -изневеррени и во емотивна дилема дали са се продолжи или не.

Ако сте решиле да останете со него покрај се, тогаш почнете одново, градете ја врската како на почетокот и заљубете се пак. Само така ќе успеете.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот