Домашни лекови против грип – брзо и лесно!

0

Лек има за сè, па и за грипот. Најефикасна е вакцината, секако, одлични се и лековите што ги препишуваат лекарите. Ама, поблагите варијанти на грипот може да се излекуваат и со природни плодови, дома. Најефикасни од нив се следниве:

Течности

Заради грипот телото губи течности и дехидрира. Токму затоа мора да внесувате што е можно повеќе течности, пред сè топли напитоци што ги прочистуваат дигестивните патишта: сокови, чаеви, супи. Избегнувајте напитоци со кофеин бидејќи тие се диуретици. Ако имате црвено грло, пијте чаеви од билки со мед.

Домашна пилешка супа

Пилешката супа ги ублажува симптомите на воспаление на респираторните органи. Направете си домашна супа и додајте ѝ целер, морков, магдонос, бибер… Ако не можете да направите домашна супа, и супата од ќесичка може да биде добра бидејќи е полна со минерали, витамини и електролити.

soup-1335168_960_720-616x411

Одмор и свеж воздух

Свежиот воздух и прошетката на отворено (или излегувањето на тераса) ќе ви помогнат да ги ублажите болките во грлото. Често проветрувајте ја просторијата во која го минувате времето. Одлична терапија е и одморот, затоа лежете и релаксирајте се.

Карамелизирано млеко

Препржете малку шеќер, додајте лажичка путер и посипете ја смесата со млеко. Пијте го карамелизираното млеко топло (ама не премногу жешко), а тоа ќе ви помогне да ја намалите иритацијата на грлото и кашлањето, и истовремено врши инхалација на дишните патишта.

Варено вино

Во мали количини, вареното вино може да биде добар лек. Се карамелизира лажичка шеќер, а потоа се прелева со црвено вино. Потоа се додава малку вода, бибер во зрно и сув босилок.

Лична хигиена

Многу е важно кога сте болни од грип често и редовно да ги миете рацете со сапун и топла вода.

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.