9 споредби на старото и новото кои ќе ви се чинат неверојатни

0

Лесно се навикнавме на новата ера, а го заборавивме минатото и почетоците на дигитализацијата кои во тоа време изгледаа неверојатно. Но, она во кое нема да можеме да веруваме се фактите кои ви ги презентираме во продолжение, факти од минатото споредени со денешното време.

1.Првото летало на вселенската програма Аполо имало компјутер од 4KB меморија. Денес, со оваа меморија не може да се прикаже ниту обична фотографија на интернет.

2.USB флеш меморија од 256 GB може да чува податоци како 213 000 флопи дискети од 5.25 инчи.

3.Основниот модел на дигитален читач на книги може да чува околу 1400 книги, што во реалноста би тежеле околу четвртина тон.

4.Во средината на 20век еден фармер можел да нахрани 19 луѓе. Денес може да нахрани 155.

5.Ford T од 1908 година имал 20 коњски сили. Толкава моќ денес имаат косилките за трева.

6.Летањето со авион во денешно време е толку безбедно што би морале да летате секој ден 123 000 години, за да ви се случи несреќа.

7.Просечен телевизор од 1948 година имал резолуција 653×499 пиксели. Денес овој сооднос изнесува повеќе од 3840×2160.

8.Најмалиот iPod може да чува 480 песни, што е исто како 32 аудио касети.

9.Кодак фотоапарат од 1885 година имал можност за 100 записи. Денес на обичен телефон можете да снимате 10 000 фотографии.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.