Детето треба да скока, да се врти и да игра слободно, не да седи и да гледа во мобилен телефон цел ден

0

Најважната мисла водилка во работата на Д-р Рајовиќ е многу едноставна – децата учат најдобро низ игра, а учењето напамет е застарено и треба што поскоро да престане да се применува.

Д-р. Ранко Рајовиќ е доктор по медицина и стручњак во областа развој на децата, на тема образование и употреба на дигиталната технологија тој вели:

Човечката интелигенција не зависи само од бројот на неврони, односно не е условена само од генетскиот потенцијал, туку и од врските помеѓу невроните т.н синапси. Периодот до 7 годишна возраст е од големо значење за формирање на овие врски.

Учењето на памет физиолошки не е во склад со нашиот мозок и е безсмислено. Но, учителите не знаат друг начин. Главниот мотив е учењето да биде низ игра, училиштето да биде интересно за децата, тие да уживаат додека на училиште и да немаат страв од одговарање и акутен стрес. Децата треба да сакаат да го кажат своето знаење и да немаат страв доколку одговорот не е точен.

Потребата за пофалба е инстинктивна кај детето. Ако го пофалиме, кај него се активира хормонот на среќа кој на мозокот му праќа јасна порака „полесно се живее вака“ бидејќи мозокот е орган за преживување.

Кога ќе добијат пофалба, добиваат потврда дека тоа што го работат е добро и затоа надарените деца секогаш се јавуваат со крената рака кога наставникот ќе постави прашање. Но кога училиштето е репродуктивно, таквите деца секогаш се јавуваат, па наставникот веќе и не ги прашува. Понекогаш, дури знаат и да им речат: „Не мора веќе да се јавувате, еве , одете во дворот и играјте си.“ Децата во такви ситуации веќе и не сакаат да се јавуваат заради другите ученици во одделението бидејќи на тој начин го покажуваат незнаењето на нивните соученици. Тие пак, се лутат на нив, ги нарекуваат со навредливи имиња, па дури знаат и да ги малтретираат физички.

Репродуктвното образование е минато. Мораме да мислиме на други начини на учење кои што се применуваат во светот – вели Д-р. Рајовиќ, кој живее во Нови Сад каде што од неодамна сведочел на вознемирувачка ситуација.

Родители во количка возат дете од 2,5 години кое држи таблет во рака и гледа во него. Пострашно е и тоа што на дете од 1 година му даваат телефон и тоа самото бара фотографии.

Прашањето е кога корисното станува штетно?

Не можеме детето да го ослободиме од телефоните и модерната технологија, мора да знае да се служи со нив, но прашањето е кога станува штетно, кој е моментот кога се преминува границата.

За своите деца имав правило: половина час гледање во екран, без разлика дали е телефон или лаптоп е 1 час во парк; еден час гледање во екран – два часа во парк и еден час и половина гледање во екран – 3 часа во парк.

Честопати родителите ми кажуваат како се обидуваат да направат некаков договор, но децата знаат да го прекршат и велат: „Мама, може ли уште 5 минути денеска, а утре ќе гледам 5 минути помалку?“

Дететот секога ќе бара нови изговори да измисли нешто ново. Тука е границата која мора да се постави. Може некогаш да се направи исклучок, но граница мора да постои.

„Супер е кога детето има телефон во рака, па и ние да се одмориме малку.“

Па зошто имате дете ако морате да се одморите од него? На детето мора да се посветите, а мозокот најмногу се развива од 2 до 5 година кога децата се во движење. Мозокот, односно нервниот систем е карактеристика на сите живи суштества кои се движат, а најсложен нервен систем има човекот. Така што, „работа“ на детето му е да се движи до 5 години, да се врти, да скока, да се движи, а не да седи и еден или 2 часа да гледа во телефонот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот