Ден Браун – мајстор за трилери

0
TODAY -- Pictured: Dan Brown appears on NBC News' "Today" show (Photo by Peter Kramer/NBC/NBCU Photo Bank via Getty Images)

Доколку ги обожавате книгите кои ве држат будни сè до ситните саати во ноќта, никако не смеете да ги пропуштите романите на Ден Браун.

Ден Браун е американски писател на трилери, најпознат по бестселерот од 2003, Кодот на да Винчи. Неговите романи се случуваат во текот на едно денониќие, неговите херои се во потрага по богатства обработува теми од криптографијата, симболиката и теории на заговор.

Романите на Браун во кои како главен лик се појавува Роберт Ленгдон вклучуваат историски и христијански теми како споредбени мотиви, кои се причини за разни контроверзии.

Од 1996, Браун е посветен единствено на пишувањето книги. Неговите први три романи имаат мал успех, со помалку од 10 000 копии од секоја, но четвртиот роман, Кодот на Да Винчи, станува бестселер, искачувајќи се на првото место на листата бестселери на Њујорк тајмс уште првата недела по објавувањето во 2003. Се смета за една од најпознатите книги на сите времиња, со речиси 60.5 милиони копии до 2006 година продадени низ целиот свет.

Неговите книги се преведени на повеќе од 40 јазици и заклучно со 2014 продадени во повеќе од 120 милиони копии.

„Кодот на Да Винчи“

Не е потребно да се објаснува ништо во врска со оваа книга, бидејќи е една од најпознатите ширум светот според која е снимен и филм.

„Инферно“

Во оваа книга се раскажува за брилјантниот научник кој докажал дека за да се спаси човештвото од скоро 8 милијарди луѓе, потребно е да се убијат половина од нив…

„Загубениот симбол“

Еден од неговите најдобри романи е токму овој. Мистеријата која ќе ви ги зароби очите до последната страница, а можеби ќе ви отвори нов поглед кон светот, се уште непознат за вас.

„Точка на измама“

Приказна за шокантна измама која во книгата делува како контраверзна закана за светот, испреплетена со историја, политика и романтика…

„Ангели и демони“

Трилер – акција кој нема да ве остави рамнодушни со својот заплет. Изгубени симболи, древни тајни братства, белези, катедари и што уште не во стилот на Ден Браун собрани во оваа книга која вреди да се прочита.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот