Дауновиот синдром е мотив, не пречка во животот

0

Жените со Даунов синдром не се секогаш маргинализирани во општеството. Ова го покажа 19-годишната Изабела Спрингмул од Гватамала, чиишто креации беа претставени на Модната недела во Лондон. Потоа се најде и на листата 100 најинспиративни жени на BBC.

Пред да стане интернационално признат дизајнер, Изабела вели дека ја одбиле две школи за моден дизајн, само заради нејзиниот Даунов синдром.

„Ми рекоа дека нема да можам да се справам со притисокот, тоа беше нивното објаснување,“ вели Изабела.

А токму одбивањето ја натера Изабела да не се откаже од својот сон.

_92702269_isabella_designing

Нејзината мајка ѝ помогнала да научи да шие, најпрво облека за кукли, а потоа облека за жени. Но, Изабела никогаш не сакала да создава облека „голема колку прстот“, туку убава, колоритна облека во вистинска големина.

Таа сакала да создава облека и за себе, за нејзиното тело, бидејќи ѝ било тешко да најде облека за својата нестандардна градба. И не само за неа, туку за сите девојки кои имаат Даунов синдром.

„Имаме поинаква конструкција на телото – пониски сме, пошироки или многу многу слаби. Мајка ми секогаш мораше да ми ја преправа облеката што ми ја купуваше. Тоа ме поттикна да креирам облека и за други девојки со градба како мојата.“

_92702275_57f28613-2840-4793-b1ee-64d2165fb3a2

И наскоро ја создала својата прва колекција со што го привлекла вниманието на модниот свет. Таа станала првата девојка со Даунов синдром којашто земала активно учество на Модната недела во Лондон. А со тоа им ги отворила вратите и на многу други жени со оваа болест, со став дека секој може да направи сè.

Колоритните дизајни на Изабела потсетуваат на винтиџ облека од Гватемала и тоа го привлече вниманието и на јавноста. Сега веќе има покана да се претстави на Модната недела во Панама и во Мајами следната година.

И секако дека ги прифатила поканите.

Оваа млада модна креаторка е вистинска инспирација за жените ширум светот. Не ѝ е лесно, меѓутоа, решена е да го освои светот!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.