Дали знаете зошто капсулите најчесто се во две бои?

0

Дали некогаш сте се запрашале зошто капсулите најчесто се произведуваат во две бои?

На ова прашање постојат неколку одговори.

Првата причина поради која капсулите се во две бои е тоа што фармацевтските компании сметаат дека доколку капуслите се во различни бои, пациентите нема да ги помешаат доколку имаат потреба од неколку различни видови на капсули истовремено.

Втората причина е тоа што различни истражувања за свеста на оние кои примаат таблетки и капсули покажале дека медикаментите кои се во боја делуваат попримамливо и не создваат одбивност кај консументот.

И третата причина поради која најчесто капсулите се во две бои е од практична гледна точка. Кај капсулите, едната страна секогаш е малку поголема и служи како затворач на другиот дел како не би се истурил лекот во прав кој се наоѓа во внатрешноста на капсулата, па производителите најчесто се одлучуваат на две бои за да можат стручните лица да ги состават деловите од капсулата без грешки и компликации, брзо и ефикасно.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.