Дали сте зависни од работата?

0

Кога работата ви станува се во животот, тешко може да се извлечете од тој круг. Големата зависност од работа со себе носи дополнителен стрес, а не се изостануваат ни психичките и физичките болести.
Застанете за момент и научите како да поставите граница…

Квалитет пред квантитет

Многу личности се задржуваат на работа и по работното време, бидејќи често се случува да се зафатат со други работи, па подоцна да заглават до доцна.
Обидете се тоа да го промените и да се фокусирате на главната работа. Обидете се да работите 2 часа без престан, а потоа одговорете на барањата на колегите и се останато. Потоа повторете го истото, 2 часа работете без престан и направете пауза за она помалку важното.

Одморете се и наспијте се

Стручните лицат велат дека на добрите идеи им е потребен одмор. Кога ја напуштате канцеларијата оставете ги работата и проблемите таму. Одморете се, ослободете се од мислите и стресот и добро наспијте се. Следниот ден ќе имате нови, добри идеи.

Заборавете го синдромот Супермен

Никој не може секогаш да е најдобар во се. Признајте си себе и на другите дека не можете се сами, побарајте помош ако ви е потребна или услуга од вашите колеги.

„Помалку е повеќе“

Намалувањето на квантитетот на работата го зголемува квалитетот. Не дозволувајте работата да ви го „одземе“ животот. Забавувајте се, дружете се со пријателите, оставајте време за себе, најдете си ваше хоби – сето ова дополнително ќе ја зголеми вашата креативност и продуктивност.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот