Дали сте бунтовник или перфекционист?

0

Првиот впечаток кој луѓето го оставаат кај некого може да е во време од 7 секунди. Стручните лица велат дека грицкањето нокти и вртењето на прамен од косата се тикови кои ги карактеризираат перфекционистите.

Во истражувањето, стручните лица снимаа луѓе во стресни, фрустрирачки, опуштени и здодевни ситуации.

Луѓето кај кои е измерен висок степен на перфекционизам често покажуваат тикови, посебно во стресни, фрустрирачки и здодевни ситуации.

Здодевноста може да биде причина за тикови, бидејќи перфекционистите за да се чувствуваат подобро сметаат дека треба да прават нешто, отколку ништо.

И доколку само го гледате екранот на мобилниот телефон, тоа може да открива многу за вашата личност. Луѓето кои се склони кон анксиозност и незадоволство, мирот постојано го бараат во “проверка ” на мобилниот телефон, надевајќи се дека тоа ќе им го подигне расположението – вели резултатот добиен од студијата.

Меѓутоа, истото не важи за оние со интровертна карактеристика, односно за оние кои се срамежливи.

Луѓето може да ве проценат и според точноста. Постојат дури 4 типа на луѓе кои доцнат, а една личност може да е комбинација од сите 4.

Перфекционистот нема да ја напушти куќата додека не види дека се е во ред. Постојат и оние типови на луѓе кои прават се во последна минута, бидејќи на тој начин го задоволуваат адреналинот да стигнат на време.

Бунтовниците се бунтуваат против власта и општествените норми, а позитивните се претерано оптимистички настроени во однос на тоа колку може да се направи за дадено време.

И организирањето на електронската поштата може да каже многу за вашата личност.
Оние кои ја архивираат и веднаш ја бришат електронската пошта, можеби имаат поголема потреба за контрола и ред во животот.
Оние кои ја чуваат и организираат електронската, што значи подоцна ќе ја прочитаат, но не и избршат, се перфекционисти кои дефинитивно ќе се посветат на читање и одговор подоцна.

Луѓето кои ја оставаат електронската пошта непрочитана, без архивирање, најчесто се чувстуваат пренатрупано.
Начинот на пишување на e-mail исто така може да ви даде увид на личноста што пишува.
Голема е веројатноста дека луѓето со екстровертни карактеристики, освен што во електронската пошта ќе ви одговорат професионално за темата, тие приказната ќе ја свртат и кон „светлата“ страна на животот ( свадба, викенд, забава и сл).

Нарцисоидните пак, зборуваат исклучиво само за она што е потребно во електронската пошта и  користат зборови како „јас“. „мое“ и сл.

Се пронајдовте ли вие?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.