Дали лошиот секс е доволна причина да раскинете?

0

Сексот е невербална комуникација и нема потреба да се расипе со говор. Погрешно!Секој кажан збор во кревет е само дополнително возбудување за партнерите. Секако зборуваме за секси зборови, не да го решавате глобалното затоплување.

Почнавте да се гледате со нова личност, се оди како подмачкано, разговорот ви оди супер, темите се непресушни, имате исти интереси за голем дел од работите во животот, дури ги сакате и истите книги и автори што голема реткост.

Доаѓа оној момент кога треба да имате секс, возбудени сте, имате трема, па немате трема, па сакате и едвај чекате да се случи и конечно се случува..

И нема магија веќе..Нема возбуда, односот почнува да биде чуден меѓу вас двајца, а вие никако не сакате да разговарате на темата оти мислите дека ќе го навредите другиот ако почнете први.

И доаѓа следната вечер каде го имате истото сценарио.

Што сега, како понатаму?

Сигурно првата мисла која ви доаѓа на ум е да раскинете. Чекајте малку, каде брзате..Размислете прво. Ако сте одлични надвор од кревет, што се случува со магијата меѓу чаршафите, зошто ја снемува?

Секој човек е различен, а тоа значи дека различни работи го возбудуваат. Кажете гласно што сакате во кревет и само храбро, без паника и трема.

Некои ќе речат дека сексот е невербална комуникација и нема потреба да се расипе со говор.

Погрешно!

Секој кажан збор во кревет е само дополнително возбудување за партнерите. Секако зборуваме за секси зборови, не да го решавате глобалното затоплување.

Уште една работа која може да помогне е да се создаде сексуална тензија пред самиот чин. Тука помага облека, разно сексуални инсинуации, филмови и слично, се она кое ќе го подигне нивото на сексуална енергија.

Ако на крајот ништо од ова не помогне, гледајте ја позитивната страна на целата ситуација – можете да останете во добри пријателски односи бидејќи на секое друго поле функционирате фантастично, а тоа е реткост во денешно време!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.