Да се дознае што е запишано во иднината, е една од вечните желби на човештвото

0

Да се дознае што е запишано во иднината, е една од вечните желби на човештвото, како во пештерите од каменото време, така и денес во циганскиот шатор.

Мора да се има предвид дека предвидувањата може, а и не мора да се остварат. Некои научници тврдат дека сите претскажувања се темелат, свесно или несвесно, на сложената теорија на веројатност, додека други мислат дека во тоа е вклучена некоја мистерија – на пример, времето, квалитативно,  далеку потешко можеме да го објасниме отколку што можеме да замислиме. Сте имале ли некогаш, можеби, лошо претувство за некоја личност при запознавањето со него, а подоцна да дознаете дека тој човек има многу лош карактер и дека сакал да ве измами за некоја работа?

 

ПОМОШНИ СРЕДСТВА СО КОИ СЕ СЛУЖИМЕ ПРИ ПРЕТСКАЖУВАЊЕТО НА ИДНИНАТА

Патување низ просторот и времето

Со цел да ја претскажат иднината, луѓето се служат со најразлични методи и користат разни помошни средства. Почнувајќи од најобични карти за играње, па сѐ до фрлањето гравчиња, тие се обидуваат да ја предосетат или да ја предвидат својата најблиска иднина.

Највообичаен начин на “гледање” во иднината, кој сите ние го користиме, се соновите. Скоро и да не постои човек на земјината топка кој нема некому прераскажано интересен сон и дадено свое објаснување за него, или пак, прашал за неговото значење.

Некогаш старите претскажувачи користеле многу техники за нивните предвидувања. Меѓу нив најпознати се: ТАРОТ картите, претскажување со помош на кристална топка, Астрологија, Хиромантија, Ливчиња од чај, гледање во филџан од кафе, фрлање Руни, Ји Џинг, Геомантија, растурање кристали и многу други.

Се поставува прашањето, на кој начин овие помошни средства ни помагаат да ја достигнеме саканата цел – да ја претскажеме иднината?

Би биле во голема заблуда доколку мислиме дека маслото кое плива на површината на водата во садот, листовите чај во чашата или пак, Руните фрлени на подот, се пораки кои доаѓаат „од онаа страна.“ Тоа се само инструменти кои ни овозможуваат да ја преминеме границата на сегашноста.

ТАРОТ

 

ТАРОТ е таинствен шпил карти со непознато потекло. Овие карти се стари барем шест до осум векови и се непосредни претходници на  денешните карти за играње. Во текот на генерациите, ликовите прикажани на нив претрпувале многу промени, а фактот што денес и покрај постоењето на  современите карти за играње, сѐ уште се служиме со древниот ТАРОТ, е потврда за нивната животна мудрост.

Во никој случај на ТАРОТ картите не смееме да гледаме како средство кое ни служи единствено за претскажување на судбината, иако тоа воопшто и не е, туку, патувањето низ овие таинствени карти, пред сѐ, треба да го разбереме како патување низ нашата најдлабока интима.

Шпилот на ТАРОТ-от го сочинуваат вкупно 78 карти, кои се поделени на Мали  и Големи Аркани. Картите од Големата Аркана се вкупно 22, а Малите Аркани ги сочинуваат 56 карти.

Малите Аркани, како и нашите современи карти за играње, имаат четири знаци или бои со по десет нумерирани карти. Четирите знаци на Таротот се : СТАПОВИ, ПЕХАРИ, МАЧЕВИ и МОНЕТИ. Овие знаци со текот на времето се претопиле во денешните треф, херц, пик и каро. Во Тарот картите секој знак има по четири дворски карти: Крал, Кралица, Жандарм и Витез. Таинствениот начин на кој оваа последна карта, Витез, исчезнала од денешните карти за играње, сѐ уште не е познат. Исто така, на мистериозен начин се изгубиле и картите на Големата Аркана.

Што се однесува до Големите Аркани, тие се состојат од 22 адути кои не припаѓаат на ниту еден од наведените четири знаци. Секоја од овие 22 карти има свој лик, свое име и свој број.

 

Кога ќе се наредат редоследно, по своите броеви, овие карти образуваат една приакзна во слики, која ќе морате добро да ја научите ако навистина сакате да ја запознаете филизофијата на овие мистериозни карти. Слично како и алхемискиот „Мутус Либер“ и Големите Аркани можат да се разберат како приказна во слики која ги представува типичните доживувања и искуства низ кои минуваме патувајќи по исконскиот пат кон самоостварувањето.

По овој пат минува секој од нас, а секоја  карта е присутна во нас самите. Овие древни карти биле зачнати длабоко во внатрешноста на човечкото искуство, во суштинскиот слој на човековата психа и му се обраќаат токму на тој древен слој во нас.

Што се однесува до шпиловите на ТАРОТ картите, факт е дека постојат голем број различни видови и изданија. Тука ви го представуваме Марсејскиот ТАРОТ.

По многу нешта овој шпил е прогласен за совршен. На пример, нема докази дека го создал еден човек, какви што се најголемиот број од современите шпилови, понатаму, Марсејскиот ТАРОТ нема пропратен текст, што е повторно случај со модерните комплети, туку тој, едноставно, ни нуди волшебна приказна во слики.

И уште нешто, никогаш немојте да бидете убедени дека сте го научиле ТАРОТ-от. Него никој не може да го научи во целост. Може само да  ја претпостави пораката која упорно ни ја шепотат ликовите од Арканите, кои со векови спокојно седат на овие карти смешкајќи се на нашите залудни обиди, во целост да ја разбереме целта на нивното постоење.

Подготви: Др. Тарот

 При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот