Conquering Lion со нов студиски албум во најава

0

Conquering Lion го најавија својот 4-ти по ред студиски албум насловен како “Land Of Confusion” кој ќе биде издаден следниот месец на 24 февруари од страна на Locksmith Records од Њу Џерси, САД, издавачката куќа која има издадено албуми и синглови на некои од попознатите реге артисти како Sizzla, LJ Aka Lboogie, Odinareh Bingwa…

Албумот ќе содржи 9 песни во комбинација на жанровите reggae, new roots и dub.

“Land Of Confusion” е снимен и продуциран од страна на Гоце Трпков (С.А.Ф.) во периодот од Септември 2015 – Ноември 2016 во студиото “Basement Bootlegz Lab”.

На овој албум гостуваат двајца интернационални реге артисти, Ras Zacharri од Јамајка и Fijahborn од Холандија.

Останатите гости кои помогнаа во снимањето на овој албум се Кирил Крстевски на клавијатура, Стефан Пехчевски на клавијатура, Александар Илијевски “Шајо” на труба, Симе Златков на саксофон и Весна Илиќ Павлоска како придружен вокал.

Првите два сингла од овој албум се издадени и премиерно објавени од страна на најголемиот реге портал во Европа “ReggaeVille”:

Conquering Lion feat. Ras Zacharri – Wake Up

Новиот албум “Land Of Confusion” е достапен за pre-order и можете да го преземете како дигитална копија од интернет продавниците Amazon, Itunes, Google Play…преку следниов линк: http://smarturl.it/LandofConfusion.

За повеќе информации следете ги Conquering Lion на фејсбук или на нивниот официјален сајт.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот