Браво за храброста: Човекот кој дипломираше на 96 години

0

Пензионерот Шигеми Хирата од Јапонија влезе во Гинисовата книга на рекорди заради последниот успех кој го постигнал – дипломирал на 96 години.

Универзитетскиот дипломец завршил на факултетот за применета уметност во Кјото и е многу горд на себе.

Хирата е роден во Хирошима во 1919 година. Стана славна личност на Кјодаи Универизтетот токму поради возраста.

“Студенти кои воопшто не ги познавам ми приоѓаат и ми честитаат” – изјавил Јапонецот и појаснува дека 11 години од животот во пензија ги посветил на студии по грнчарство и применета уметност.

Јапонците се познати по долговечноста. Само минатата година се регистрирани 59 000 стогодишници.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.