Божествени места каде лесно можете да почнете нов живот

0

Сте размислувале некогаш да го промените животот и да почнете одново? Но, сакате нешто со кое ќе се поврзете и ќе создадете нов дом. Дестинацијата не е важна, туку моментот на одлуката и преселбата во нова земја.

Токму во таа насока, имаме три предлози во продолжение.

Аваура, острови Кук

204555-R3L8T8D-650-2

Место кое наликува на Малдивите и Сејшелите.Се наоѓа на 2000 километри од Нов Зеланд. Животот не е скап, киријата за изнајмување стан за еден месец е 130 долари. Годишно го посетуваат 100 000 туристи што не е голема бројка споредно со Хаваи на пример, каде на годишно ниво има 8 милиони туристи. Едниственатанегативна страна е што странци не смеат да купуваат недвижнини, но може да ги изнајмуваат на рок од 60 години.

Чешки Крумлов, Република Чешка

204455-R3L8T8D-650-1

Место кое изгледа како од бајките. Сместено е во областа Бохемија, има мали и средени куќи, камени улици и прекрасни пејсажи. Вечера за двајца во просек би ве чинела 20 долари, а месечна кирија 400. Само ќе треба да научите чешки оти никој не говори англиски.

Големо Трново, Бугарија

204855-R3L8T8D-650-7_2

Место кое не наликува на овие простори, туку потсетува на Франција. Се наоѓа на Црноморското крајбрежје. Иако е во француски стил,цените се многу различни. Овде вино изнесува 80 центи, едномесечна кирија 200 долари и има популација од 200 000 жители.Единсвената негативна страна е инфраструктурата на која и треба подобрување.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот