Би заминале ли на свадбено патување во Индонезија?

0

Знаејќи колку повеќемесечните подготовки за венчавка можат да бидат напорни за младенците, патувањата кои следуваат потоа обично се нешто што се памети цел живот.

Во најголем број случаи, сите се „палат“ на прочуените романтични места кои веќе одамна изгубија на оригиналност. Ако сакате да ви завидуваат, тогаш треба да изберете дестинација која не е секогаш прва на листата на идеи.

Таква е Индонезија, која на прв поглед не делува како место за свадбено патување, но, ако погледнете малку подобро, ќе видите дека оваа земја содржи буквално се. Плажи со неверојатна убавина и кристално сина вода, кои се во совршен контраст со вулканските планини и бујната вегетација која го опкружува островот Индонезија. Тоа е идеално место кое носи повеќе авантура отколку престојот на плажа и на лежалки, како што обично поминуваат повеќето одмори.

Најверојатно сакате елегенцијата и луксузот од венчавката да ги пренесете и на патувањето, а тоа е најлесно доколку целиот пат им го доверите на агенциите на кои тоа им е работа. Со професионалци, можете да видите и испланирате се и да си ја остварите секоја желба.

860712_15081915380034615118

Патувањето почнете го со лет до Јава, а потоа со возење до шармантниот град Јогјакарта, кој се смета за центар на образованието и уметноста. Стариот дел од градот и посебно егзотичната архитектура совршено се вклопени во брановидните ритчиња и оризовите полиња кои го опкружуваат градот. Најдобро е таму да останете барем три дена, време кое е доволно да ги истражите скриените локации, како лагуната Мерапи, и да направите неколку незаборавни слики од еден од околните вулкани.

По активниот почеток, неопходен е момент на одмор и релаксација, a совршено место за тоа е неколкудневен престој во Plataran Borobudur Resort & Spa centar. Утринската обиколка до базенот и опуштањето на пространите хотелски тераси со поглед на густата тикова шума додека сонцето изгрева од кај храмот Боробудур, е искуство кое тешко се заборава.

219260

villa-borobudur

Од Јогјакарта, до следното одредиште имате релативно краток лет до местото каде морате да поминете неколку дена, тоа е националниот Танјунг путинг парк, заштитен од УНЕСКО како биосфера од посебно значење.

Tanjung-Puting-01

Можете да ноќевате на Источна Јава, во исклучителниот Jiwa Jawa Resort комплес во Сураваја,  како додаток на совршените утра, пробајте домашно кафе од Јава, идеално пред одење на плажа. Залезот на сонцето, гледан од планината Бромо никако не смее да се пропушти.

sang-giri-hero-670x300

kies-villas-lombok

Следно одредиште е Ломбок, место кое ги крие најдобрите плажи во цела Индонезија. Престојот во Qunci Villa комплексот на гостите им пружа можност за организирање на романтични вечери на плажа со вкусно подготвени јадења од локалната кујна.

pp

 

Е, ова се спомени кои се паметат!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот