Бабата која го насмеа Google

0

Бен Џон сосема случајно го видел необичното барање на својот компјутер кое го поставила неговата 86 годишна баба, Меј Ешворт. Станува збор за следново прашање:

“Ве молам ако може да ми ги преведете овие римски цифри MCMXCVIII. Ви благодарам”

Него толку многу му бил симпатичен начинот на кој баба му го поставила прашњето, па решил да го сподели на Твитер.

За само неколку дена пораката е ретвитувана преку 100 000 пати. Бен ја прашал својата баба зошто толку љубезно го напишала  прашањето на пребарувачот.

Таа мислела дека во Google постои вистинска личност која седи во канцеларија и одговара на прашaњата од корисниците.

Твитот кој стана мегапопуларен, привлекол внимание и на вработените во Google и тие одлучиле да и одговорат на следниот начин:

“Драга бабо на Бен. Се надеваме дека сте добро. Сакаме да знаете дека во свет на милијарда прашања, вашето не насмеа најмногу.

Ох, да, одговорот е 1998.

Ви благодариме.”

 

 

гугл

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот