Автомобилски гуми од 600 илјади долари

0

Веројатно никогаш не би ви паднало на памет да ги „позлатите“ гумите од автомобилот…или пак да?

Познатата компанија „Z Tyres“ ја промовираше оваа идеја и ги создаде најскапите автомобилски гуми, а со тоа создаде нов светски тренд за сите љубителите на автомобилите.
Кога велиме најскапи, навистина  го мислиме тоа бидејќи овие гуми чинат ни помалку ни повеќе од 600 илјади долари, а дополнително ги красат дијамнти и елементи од 24 каратно злато.

luksuz-fancy-dizajn-automobili-najskuplje-gume (10)

Овие автомобилски гуми влегоа и во Гинисовата книга на рекорди, а експертите во автомобилската индустрија не го оспоруваат фактот дека овие гуми го соборија рекордот со својата неверојатна екставаганција.
luksuz-fancy-dizajn-automobili-najskuplje-gume (9)

„Вакво нешто досега не било промовирано, ниту пак видено на пазарот во автомобилската индустрија“- велат екпертите.
Веројатно е тешко да се разбере како обична гума може да е декорирана со драгоцени камења, но дизајнирањето на овие гуми воопшто не е лесен процес.
luksuz-fancy-dizajn-automobili-najskuplje-gume (12)
Гумите се созадени и креаирани со помош на компаниајта „Joalier Prive“ и италијаските дизајнери и уметници кои работат во истата.
Декорирањето на златните листови подоцна е изведено во Обединети Арапски Емирати од истите мајстори кои ја имаат дизајнирано претседателската палата во Абу Даби.

luksuz-fancy-dizajn-automobili-najskuplje-gume (11)

Создавањето на гумите е вистински имиџ и престиж за богатите власници на автомобили.
Покрај тоа компанијата „Z Tyres“ тврди дека овие гуми нудат одличен квалитет, сигурно и удобно возење и мала потрошувачка на гориво.
luksuz-fancy-dizajn-automobili-najskuplje-gume (13)

Она што навистина изненадува е целта за која се созадени овие луксузни гуми.
Комплетната заработувачка од гумите ќе биде донирана за фондацијата „Zenises“ која за цел има да го подобри образовниот систем низ целиот свет.
luksuz-fancy-dizajn-automobili-najskuplje-gume-99

Кога веќе може да создадеме нешто толку скапо и луксузно, може да помогнеме и за подобро општество.
Останува да видиме кој прв ќе ги има овие гуми за својот автомобил.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот