Авокадото – едно од најздравите овошја

0

Авокадото кое уште се нарекува и алигаторската круша, потекнува од Средна Америка и Мексико и го има во повеќе од 80 сорти, поделени во три групи: мексичко авокадо, гватемалско авокадо и западно индиско авокадо.

Во минатото се сметало дека авокадото има магична моќ и затоа редовно било послужувано на кралските трпези, а принцезите морале да го консумираат редовно бидејќи се сметало дека ја подмладува кожата и не дозволува нејзино сушење, според легендите на Астеките.

Иако денес, авокадото често го гледаме како состојка во козметичките препарати, освен за кожата, авокадото е одлично и за нашиот организам нудејќи ни многу здравствени придобивки доколку го консумираме.

avocado

Авокадото е овошје за кое научниците се согласни дека е тоа е еден од најнутритивните производи од природата. Авокадото е богато со добрите масти кои го контролираат холестеролот и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, а може да биде корисно и за мозочната активност. Авокадото е богато со калиум, па помага во регулирање на крвниот притисок.

Уште една одлична состојка која се наоѓа во авокадото е витаминот Е кој е одличен антиоксиданс кој ги штити ткивата од оштетување и го намалува влијанието на слободните радикали. Витаминот Е исто така помага за создавање на нови црвени крвни клетки кои се важни за нормален проток на кислород низ организмот. Витаминот Б6 кој го има во авокадото е одличен за формирањето на гликоген кој придонесува за здрава и свежа кожа. Каротеноидите  во авокадото пак, ќе ги чуваат вашите очи здрави.

Првиот чекор за воведување на авокадото во вашата исхрана е правилниот избор на добар и зрел плод. Кога купувате авокадо внимавајте на дршката. Ако таа може лесно да се повлече од плодот тоа значи дека тој е зрел и совршен за консумација.

avocado-banana-smoothie

Авокадото може да се консумира со различни видови на јадење, најчесто свежо, а може да претрпи и термичка обработка, но, така губи дел од своите хранливи и здрави состојки.  Авокадото одлично оди со во сите овошни салати, но може да го комбинирате и со зеленчук, како на пример со варена брокула, пченка или грашок. Можете да го комбинирате и со пилешко месо и риба.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.