Ава Гарднер, актерката која ги одбележа 50-тите…

0

Ава Гарднер, жена од чија убавина застанува здивот. Една од најпосакуваните жени  во нејзиното време и актерка која била барана на големото филмско платно. Се сметала за личност со цврст карактер која знае точно што сака.

Времето на 50 -тите години е период кој таа го одбележа. Има одиграно 70 улоги во својата кариера.

Нејзиното целосно име е Ава Лавинија Гарднер. Родена е на 24 декември 1922 година во Смитфилд, Северна Каролина во земјоделско семејство. Растејќи во скромни услови не ни  помислувала дека еден ден ќе биде најбараната филмска актерка.

maxresdefault__1468043317_185.86.236.28

Но, играта на судбината го сменила текот на нејзниот живот. Нејзината постара сестра и сопругот, кој бил фотограф се преселиле во Њујорк. Тоја, како и сите други уметници фотографирал лица, меѓу кои било и на Ава. Нејзините фотографии биле изложени во фотостудиото, а еден од агентите на МГМ ги забележува. Откако Луис Мејер, првиот човек на МГМ ќе ги види, веднаш организира снимање само за неа.

Една од најпознатите изјави во светот на филмот е токму неговата за Гарднер:

“Не знае да глуми, не знае да зборува, ужасна е, потпишете договор со неа”.

ava_gardner_by_klimbims-d6eb4t9__1468043364_185.86.236.28

Потпишуваат договор на седум години и полека почнува кариерата на Ава Гарднер. Макотрпен ќе биде процесот на учење глума и се што доаѓа со неа. Првиот голем успех на Гарднер ќе се случи шест години по потпишувањето на договорот.

Интересно е тоа што првиот успех не го постигнува со МГМ туку со улога во филмот “Убијци” на Роберт Сиодмак за филмското студио “Универзал”.

MTE5NDg0MDU0OTc1MTg2NDQ3__1468043340_185.86.236.28

Меѓу нејзините најпознати филмови се  “Босоногата контеса” ,”Сонцето повторно се раѓа”,  “Снеговите на Килиманџаро”,”Могамбо”, “Ноќите на игуаната”…

avan-gardner-frank-sinatr-409502

Приватниот живот и го одбележа љубовта со Френк Синтара. После турбулентната врска, тие двајца ќе се венчаат во 1951 година. Нивната врска и љубов е една од најдраматичните романси кои Холивуд некогаш ги видел.

Frank-331852

Акерката последните 22 години од животот ќе ги помине во Лондон, до својата 68 година од животот кога ќе почине од рак на белите дробови.

Ava-Gardner-ava-gardner-24367789-500-557

Најпознатата нејзина изјава е:

“Би живеела 150 години, но на денот на смртта, во едната рака би сакала да држам виски, а во другата цигара”.

Ава Гарднер, ќе остане запаметена како една од најубавите жени на филм, талентирана актерка која го одбележа времето во кое живееше и твореше.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар