Аспиринот во служба на убавиот изглед – домашна маска за лице

0

Лековита маска за лице која го подобрува тенот и еластичноста на кожата, со редовна употреба може и најпроблематичната кожа да ја претвори во здрава, убава и сјајна.

Дали сте знаеле дека обичниот аспирин е одличен козметички препарат? Лековитите маски за лице со аспирин растворен во вода помагаат во решавање на проблемите и на најпроблематичната кожа.

Овој лек има широка примена:

  • Совршено ја чисти кожата
  • го намaлува лачењето на лојните жлезди
  • ги стеснува порите
  • спречува создавање на внатрешни влакна, односно влакна кои враснуваат
  • спречува формирање на акни и мозолчиња
  • Редовното чистење на лицето со аспирин го намалува црвенилото и различни видови на воспалителни процеси, го подобрува тенот и еластичноста на кожата.

За подготовка на оваа маска ќе ви бидат потребни

-7 аспирини

-една лажица мед

-малку вода

Што треба да направите:

Издробете ги ситно аспирините и ставете им малку вода, за да добиете густа паста. Во оваа смеса ставете една лажица мед и сето тоа убаво измешајте го.

Пред да ја нанесете маската на лицето, исчистете го. Оставете нека делува 10 до 15 минути. Потоа измијте.

Набрзо по третманот ќе ги забележите промените.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.