Архитектонско чудо во Кина- спектакуларен Лотус центар

0

Лотус центарот е модерно архитектонско чудо кое се наоѓа во кинескиот град Wujin.
Во вештачкото езеро, кое се наоѓа во самиот центар на градот, од 2013- та година „цвета“ оваa модерна зграда која прикажува 3 фази на цветање на лотусот.

Зградата менува бои во зависност од времето и деновите, а и периодот од годината што ја прави уште попривлечна и поинтересна за туристите. Центарот се простора на 3,5 хектари, а опфаќа и вештачки рибник и парк.
Зградата служи како конференциски центар за состаноци, изложби, канцеларии на завод за планирање сл.
Во текот на денот ова место е посетено од многу туристи ширум светот, а во ноќните часови тие имаат прилика да уживаат во неверојатната забава со светла и фонтани вградени во езерото.

3Самиот изглед на Лотус центарот не е единствена причина зошто многу го сметаат за архитектонско чудо. Овој центар е и еко- пријател или комплетно самоодржлив.

Имено, зградата е градена од страна на архитектонската компанија „Studio 505“ која сакала да постави нови стандарди во архитектурата во Кина која се побрзо се развива, а судејќи по нивното дело и по импресивниот облик на зградата, успеале во нивната намера.
8Објектот е смислен како скулптура – форма која излегува од езерото, додека внатрешноста е карактеристична по светлата и уникатна атмосфера која обезбедува игра на бои што меѓусебно се комбинираат и менуваат.
Дел од зградата ја користи локалната власт, а дел како што споменавме е наменет за саемски изложби и конференциски состаноци и собири.

Лотус центарот и Народниот парк за многу кратко време станаа популарно место и атракција во овој град, а полека прераснуваат и во центар на друштвениот и културен живот во Wujin.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 Capture

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар