Анти-ејџ рецепт на пет холивудски дами

0

Џенифер Лопез, Ева Мендес Кристина Милан…секако дека листата е подолга на холивудските дами кои наместо секоја година да изгледаат се постаро тие изгледаат се помладо, но ние издвоивме неколку од нив.

Сигурно кога ќе погледнете фотографии од Џенифер Анистон денес и пред 10 години се восхитувате на нејзината фигура и се запрашувате како успева во тоа.

Токму затоа откриваме неколку бјути тајни и фитнес рутини што колку и да изгледаат едноставно тие го одржуваат младиот дух во нас и создаваат мотивација за грижа на нашето тело.

Овие холивудски дами го препорачуваат следново…

Џенифер Лопез- 47 години

Таа важи за една од најубавите жени во светот. Вели дека уште во раната младост била строга кон начинот на исхрана.
Не конзумира алкохол и се придржува само кон нискокалорична храна, а неодамна изјави дека не се сеќава кога последен пат се почестила со парче торта.
Користењето на високо квалитетни препарати за нега на кожата е задолжително за секоја возраст според неа. Секое утро го започнува со џогирање или пак јога и барем 5 пати во текот на неделата вежба кардио вежби.
files

Ева Мендес- 42 години

Таа недамна стана мајка на второ дете а нејзината линија е на завидно ниво, вели дека тоа е благодарение на здравиот живот што го води во однос на исхраната и вежбите кои ги практикува.
Мендес вежба по 2 часа во теретана 3 пати во неделата. Трча и планинари со своето куче и постојано практикува јога.
Вели дека секое утро задолжително пие топла вода со лимон и користи кокосово масло за лицето, косата и телото.
files (1)

Џенифер Анистон- 47 години

За неа се вели дека го има најубавото тело во Холивуд и тоа со причина.
За неа денот започнува во 04:30 наутро со практикување на одредени вежби, јога и џогирање со личен тренер. Откако ја завршува утринската практика продолжува во теретана каде прави вежби за енергија.

Добра мотивација, зар не?
files (2)

Кристина Милиан- 34 години

Таа е прекрасна пејачка и глумица на која никогаш не би дале 34 години доколку тоа не го знаеме.
Вели дека тајната се крие во постојаната насмевка, позитивната енергија што ја одржува со помош на вежбање, возење точак со својата керќичка и движењето на телото односно танцувањето за време на своите концерти.
files (3)

Софија Вергара- 43 години

Заводливата латинска убавица, Софија Вергара во повеќе интервјуа изјави дека не обожува да вежба, но свесна е дека телото е важна алатка за успешна кариера во Холивуд.
Нејзиниот личен тренер Гунтер Петерсон, вели дека комбинира вежби за рамењата, струкот и куковите за формирање и зацврстување на нејзината заносна фигура.
Вергара вели дека обожува здрава храна и чија семки и дека постојано е дотерана од утро до вечер.
files (4)

Епа драги дами, зад секоја убавина се крие и труд.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот