Ако сакате да го најдете вистинскиот, прво треба да се запознаете себе си

0

После уште еден разочарувачки состанок или ужасно раскинување од некој што се чинеше како иден одличен партнер, се враќате во темното место на размислување, уште колку ли пати ќе ви го скршат срцето пред да престанете воопшто да излегувате и да се заљубувате? Ви звучи познато? Ако ви се смачи да бидете сами и ако сите ваши напори да го смените тоа ви изгледа дека завршуваат на истиот начин, време е да го смените пристапот со тоа што ќе усвоите нов начин на размислување. 

Престанете да ги идеализирате врските на другите

Може да биде големо измачување ако гледате перфектни двојки околу вас кои јавно ја искажуваат својата љубов, додека вие сте сами и се чувствувате мизерно. Помогнете си себе си и следниот пат кога ќе почнете да се чувствувате љубоморни на љубовта на другите, имајте на ум дека ниту еден од нив двајцата не е перфектен. Вие едноставно не можете да се споредувате со никој друг ниту пак смеете да го правите тоа. Глетката на две сродни души треба да ви служи како потсетник дека таму некаде за секого има по некој, и тоа не е причина за љубомора.

Престанете да бидете толку строги кон себе

Како што поминуваат годините, можеби ќе почнете да се прашувате дали е ваша грешка што се уште сте сами. Можеби е, и вие не сте едноставно интересна личност за да се дружат со вас? Нема ништо погрешно во врска со вас. Никој не е совршен, и сите луѓе кои го/ја нашле вистинскиот/та имаат свои слабости и несигурности, но, тоа не ги спречило да си ја најдат љубовта. Мислата дека сте недопадлива единствено ќе ве сопре да блеснете со целиот свој сјај.

Стојте настрана од очајните луѓе 

Колку што е важно за вас да не влегувате во врска која не ви одговара, истото важи и за избегнувањето да се посветите на партнер на кого очајнички му треба љубов. Може да биде тешко да избегате од очајничкиот начин на размислување, особено ако сте сами подолго време, и да бидете со партнер кому му треба љубовта повеќе отколку тој реално може да се справи со нека. Наместо тоа, побарајте личност која сака да биде со вас бидејќи тој/таа сака се што оди заедно со вас, и не ве гледа како прототип на партнер кој си го замислил во главата.

Одбијте да играте игри

Светот е полн со играчи, но, вие не мора да играте сами. Најчесто мажите ја превземаат улогата на неуморни „бркачи“, додека жените настапуваат со тактиката да ги остават мажите да ги „бркаат“. Сепак, порано или подоцна, поигрувањето ќе заврши, оставајќи ги мажите да се префрлат кон друга возбудлива авантура, а жените да се прашуваат себе си дали сето тоа вредело за нивиот напор. Ако сте подготвени да престанете со играњето игри и да почнете нешто што е вредно, почнете да гледате нанапред и гледајте повеќе индивидувално, со малку повеќе тежина.

Преиспитајте ги своите листи

Правењето листи на особини на идеалниот партнер би требало да помогне во фокусирањето на она што ние го сакаме, но, исто така може да ги оштети и нашите шанси. Една работа е да посакувате партнер кој е посветен и грижлив, а сосема друга работа е да одбиете да запознаете некоја личност само затоа што не одговарала целосно на вашите барања.

Сменете ги своите очекувања за вистинскиот

Наместо да ставате премногу притисок врз наоѓањето на оној што ќе ги исполни сите ваши невозможни побарувања, фокусирајте се повеќе на она што можете вие да понудите. Развивајќи се како индивидуа, мора да бидете способни да им дадете шанса на луѓето да се ослободат самите пред вас и постепено да станувате едно.

Не е лесно за било кој од нас одеднаш да престанеме да се грижиме за јавното мислење и за социјалните норми, и да очекуваме и да не се согласуваме на ништо помалку отколку што сметаме дека заслужуваме, или да го смениме нашиот стар начин на гледање на нештата. Со малку напор, можеме да усвоиме позитивен поглед кон светот и да се сакаме самите себе си и љубовта.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.