Aaron Draplin – легендарен и ексцентричен графички дизајнер

0

Aaron Daplin е 41-годишен графички дизајнер и основач на Daplin Design Company,со седиште во Портланд, САД. Најпознат по дизајн на логоа и корпоративен идентитет, а на неговата листа на клиенти се наоѓаат Nike, Wired, Incase, Burton Snowboards, Patagonia, Target, Woolrich, па дури и администрацијата на Обама.

draplinPost
Роден во 1973 година, тој израснал во Детроит, по што на 19-годишна возраст се преселил во Орегон и почнал да дизајнира за Solid Snowboards, за локални кафе-барови, што го натерало да се запише на престижниот колеџ за арт и дизајн во Минеаполис, каде го надградил својот талент за дизајнирање. По факултетот тој започнал да работи како креативен директор за магазинот SNOWBOARDER, на која позиција ја добил и наградата “Art Director Of The Year” за Primedia 2000. Потоа тој ја прифатил позицијата на Сениор дизајнер во Cinco Design Office во 2002 година, каде работел на проекти за фирми како Gravis, Helly Hansen и Nixon.
draplin2
Во 2004 година го дизајнирал брендот Field Notes што му донел огромен успех во бизнисот.

notes
Тоа бил почетокот од основањето на Draplin Design Company, фирма која денес соработува со клиенти како Coal Headwear, the Union Binding Company, Snowboard Magazine, Field Notes memo books, Ride Snowboards, Forum Snowboards, Grenade Gloves, Chunklet Magazine, Cobra Dogs, Absinthe Films, NemoDesign, Gnu Snowboards, RVL7 Apparel, Burton Snowboards, K2 Snowboards, Bonfire Snowboarding Apparel, South American Snow Sessions итн.

deaplin3 Capture

Oval Office meetings and Dept. of Transportation infrastructure event.