9 работи кои никогаш нема да им ги признаеме на нашите родители

0

Работа на родителите е да се грижат за нас и без разлика на сè, тие секогаш ќе нè третираат како деца. Во нивните очи ние секогаш ќе треба да учиме многу повеќе, без разлика на која возраст сме.

Многу веројатно дека знаат кога не ја кажуваме вистината и кога не признаваме нешто, но така стојат работите.

1.Секогаш се трудиме со сета енергија да звучиме одговорно на телефон.

„Да, мамо се е во ред. Не, не парите не се проблем“.

Ова се случува додека вие седите во соба и јадете храна од завчера.

2.Понекогаш се чувствуваме како навистина да сакаме да се вратиме во детството кога мама се грижеше за нас додека сме болни.

3.Секогаш ни е срам кога на телевизија има љубовна или романтична сцена, а ние тоа го гледаме со родителите.

4.Сакаме да се гордеат со нас и работата која ја правиме.

5.Секогаш знаевме дека не постои Дедо Мраз, но сепак сакавме да ја играме играта со нив.

6.Секогаш ни е е непријатно да зборуваме отворено за работи кои се навистина важни, како секс, брак и слично.

7.Криеме работи за да не ги вознемириме, дури и кога сме возрасни.

8.Не сакаме да признаеме дека сме погрешиле, никогаш.

  1. Многу ни недостигаат, но ни е непријатно да им кажеме.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.