7 Забавни начини да му соопштите на вашето дете дека ќе имате бебе

0

Се прашувате како да му соопштите на вашето дете дека очекувате бебе, а тоа да го направите на интересен и забавен начин? Прочитајте неколку забавни идеи кои можеби ќе ви помогнат…

Веста кога ќе дознаете дека чекате друго бебе е нешто најубаво што може да ви се случи, но тоа подразбира нова фаза на која целото семејство треба да се прилагоди. Особено е важен моментот како тоа ќе го прифати вашето прво дете. Моментот дека во стомакот на мама расте друго бебе е сериозна работа и тоа е момент кој секое дете го прифаќа и доживува на различен начин.

14269466_10154027210949151_516581351_n1. Раскажете му приказна на вашето дете/ читајте книги

Дајте му на вашето дете книга во која пишува за тоа што значи да се биде постар брат или сестричка. Можете да ја читате повеќе пати додека детето не почне да ја разбира ситуацијата. Дискутирајте на таа тема, објаснете му што значи проширувањето на семејството и колку тоа е убаво за сите вас.

2. Организирајте забава на која ќе ја соопштите убавата вест

Подгответе мала забава. Толку мала, на која ќе присуствувате само вие, вашето дете и вашиот сопруг. Украсете ја куќата како роденденска забава и направете торта. Сето тоа ќе биде интересно и возбудливо за вашето дете и низ игра и забава на полесен начин ќе ја прифати новоста.

3. Вклучете ги вашите браќа или сестри во моментот на објавување на веста

Ако вашето дете има омилен роднина (тетка, чичко или вујко), односно ваш брат, сестра или на вашиот партнер, повикајте ја таа личност и заедно објавете ја убавата вест. На детето објаснете му во каква роднинска врска сте со таа личност и кажете му дека наскоро и тоа ќе има некој толку близок. Голема е веројатноста дека вашето дете ќе ги поврзе убавите спомени и емоции со таа личност во понатамошните односи со новото братче или сестричка.

4. Назначете го вашето дете за помошник во соопштување на убавата вест

Повикајте ги најблиските (вашите роднини и роднините на вашиот партнер) и договорете се со вашето дете дека имате заедничка специјална задача во која тоа ќе биде вашиот главен помошник. Детето се чувствува посебно кога ќе ги види позитивните реакции на присутните и колку тоа допринело за да ги направи сите среќни и расположени.

5. Покажете му на вашето дете албум со слики кога тоа било бебе

Отворете албум со слики од вашето дете кога тоа било бебе и разгледувајте заедно. Одвојте време само за вас и објаснете му колку било убаво мало бебе. Раскажете му убави моменти, како сте се грижеле за него, како постепено сте го учеле на многу работи, колку било мало и беспомошно…Објаснете му што тоа претставува за вас и колку убави моменти во животот ви донело неговото доаѓање на свет.

6. Погледнете заедно некоја едукативна емисија или филм

Децата се визуелни суштества, така да гледање детски филм или ТВ емисија во која се зборува за доаѓање на свет на нов член во семејството може да помогне полесно да ги прифати информациите. На крајот прашајте го вашето дете што мисли за филмот и внимателно одговарајте на секое прашање кое ќе го постави. Искористете ги ликовите од емисијата за да ја објасните вашата бременост. Кажете му на детето дека наскоро ќе добие братче или сестра токму како во филмот. Тоа полесно ќе му помогне да ја прифати ситуацијата.

7. Направете список на обврски и одговорности

Децата сакаат да се чувствуваат корисно. Направете листа на обврски и именувајте ги како ГОЛЕМ БРАТ/ ГОЛЕМА СЕСТРА и декорирајте ја на начин на кој него му се допаѓа. Кажете му дека тој ќе помага во менување на пелените, сместување на гардеробата на бебето, заедно ќе купувате облека која него му се допаѓа итн. Со тоа тој добива обврски и ќе се чувствува многу важен.

14274352_10154027210979151_894605754_o

Како вашата бременост напредува, продолжете да го вклучувате детето во сите тековни обврски за да биде возбудено за новата улога која го очекува.

• Замолете го да ви помогне да ја средите собата на бебето и заедно да ја украсите. Детето нека ги намести играчките каде сака и како нему му се допаѓа.

  • Понесете го со вас детето кога ќе купувате облека за бебето. Дозволете му него да избира. Не заборавајте и него да му купите нешто за да не се почувствува запоставено.
  • Не заборавајте да му кажете дека тоа ќе остане подеднакво важно за вас и секогаш ќе имате доволно време за него.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.