7 модерни декорации за дом

0

Домот е место за уживање, дружба со пријатели, семејство, и одмор. Топлината и вибрациите што домот ги шири зависи од начинот на кој е уреден и од љубовта што го исполнува.
Ентериерот и боите дополнително влијаат на спокојот и мирот што го чувствуваме кога сме дома.

Денеска со вас споделуваме неколку модерни декорации на кои можеби досега не сте сетиле. Секоја од нив ќе внесе свежина, уникатност и малку забавен изглед што на секој дом му е потрбно.

Украснување на шкафчињата

7-astoundingly-chic-decorating-details-you-never-thought-to-try-1672082-1456365039.640x0c
Шкафчињата во дневната соба декоријате ги со дополнителните украси, јажиња. направете неколку врзувања, а краевите од јажето изресете ги со помош на ножички или нож.

Украсете ги завесите

7-astoundingly-chic-decorating-details-you-never-thought-to-try-1672084-1456365039.640x0c
Во вашата спална соба или пак во дневната соба може да направите уникатна декорација на завесите со интересна форма на шноли. Одберете големи и впечатливи форми кои ќе дојдат до израз ако завесите се во повеќе бои.

Декорација со бела ограда

7-astoundingly-chic-decorating-details-you-never-thought-to-try-1672080-1456365039.640x0c
Ентериерот може комплетно да го освежите и промените доколку користите бела ограда како за на балкон или градина. Ваквата декорации одлично ќе се вклопи во внатрешниот амбиент на домот доколку сте поготвени за мали промени.

Впечатливи држачи за завеси

7-astoundingly-chic-decorating-details-you-never-thought-to-try-1672085-1456365039.640x0c
За декорација на домот можеби држачите за завеса се последните на кои помислуваме, но очигледно може да го постигнат крајниот ефект. Тие се во најразлични бои, а може да бидат и комплетно различни од бојата на завасата.

Боени столчиња

7-astoundingly-chic-decorating-details-you-never-thought-to-try-1672083-1456365039.640x0c
За забавен изглед во домот може да си поиграте и со боењето на столчињата или друго парче од мебелот што сметате дека ќе има изгледа интерсно.

Бојадисување на ѕидовите

7-astoundingly-chic-decorating-details-you-never-thought-to-try-1672081-1456365039.640x0c
Доколку посакате да го промените изгледот на вашата соба, најдобро е да започенете од ѕидовите. Одберте интересна нијанса, па дури и да не додадете нови предменти во собата, ѕидот комплетно ќе го промени нејзиниот стар изглед.

Боени полици или обвиткани со хартија во боја

7-astoundingly-chic-decorating-details-you-never-thought-to-try-1672282-1456369567.640x0c
Сигурно досега не сте помислиле да ги обоите полиците за книги. Ако не сакате да користите боја, а идејата ви се допаѓа, тогаш купете хартија и обновете го изгледот на полиците. Тие ќе бидат како нови.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.