15 знаци кои покажуваат дека во животот ви оди добро, иако тоа не го мислите

0

Понекогаш ни се чини дека ни се распаѓа животот бидејќи се соочуваме со различни работи. Можеби сте ја изгубиле работата или вашиот брак завршил, не сте успеале да го положите испитот и сега се чувствувате беспомошно и поразено.

Винстон Черчил еднаш рекол:

„ Уcпехот значи прифаќање на неуспехот, не губејќи ентузијазам“.

Иако можеби се чувствувате неуспешно, денеска сакаме да ве потсетиме, зошто не е така како што чувствувате.

Наведуваме 15 знаци кои покажуваат дека добро ви оди во животот, дури и ако тоа не го мислите…
1. Сте живееле и сте учеле
Никој не рекол дека животот е едноставен. И додека нерамните патишта може да ве повредат, патот дефинитивно се исплати. Размислите за вашите неуспеси и порази. Мора да знаете дека сè што се случило е со добра причина. Продолжете да живеете во здравје, љубов и среќа и бидете благодарни на сè она што животот ве научил.

2. Имате удобен кревет за спиење
Една вистинска приказна на една мајка вели вака: нивниот распоред на спиење бил следен: ноќно време сите спиеле на подот, ако за време на ноќта заврнело, сите требало да станат да погледнат кое место од нивниот „кревет“ е суво и да легнат на сувото место.
young-man-sitting-alone-on-the-bench-on-the-beach_7ko1ebtb__M00003. Обидувајте се да бидете сè подобри и подобри
Поради фактот што сега се чувствувате малку депресивно не треба да генерализирате дека сè ви оди лошо. Не се откажувајте, на крајот од тунелот секогаш има светло за сите, само ако верувате во тоа.

4. Имате или сте имале работа
На кој било начин да гледате на ова во секој случај сте во поволна ситуација. Ако имате работа – одлично! Задржете ја и знајте дека сте благословени. Ако неодмана сте ја изгубиле работата не се угнетувајте. Ако еднаш сте добиле работа ќе добиете повторно.

5. Знаењето ви е на „дофат“
Денес може да научите сè што ќе посакате. Знаењето е само на мал чекор од вас.
Знаењето е моќ, кога веќе го знаете тоа искористете го во реализирање на вашите цели. Искористете сè што знаете, за да создадете нови прилики.

6. Имате храна
Понекогаш и малку повеќе од она што е потребно. Храната е благослов кој често не го гледаме, но ако сме без храна подолго време почнуваме да чувствуваме потреба за неа.

7. Вие ја имате моќта да се изберете
Аристотел еднаш рекол:
„ Извонредноста никогаш не е случајна. Секогаш е резултат на силни намери, искрен труд и интелигентни ситуации; Тоа е мудар збор помеѓу многу други избори- избор, а не случајноста, ја одредува вашата судбина“.

active_people_likelier_to_live_longer_1357646490_540x5408. Сте доживеале чувство на пеперутки во стомакот или нешто слично
Да се биде заљубен – тоа е чувство кога целото тело реагира. Кога го доживувате тој убав, едноставен момент имате спомен за целиот живот. Благословени сте што сте доживеале вистинска љубов.

9. Имате чиста вода
Пред ова не треба да замижите. Постојат луѓе на планетава кои не знаат за чиста вода.
Околку 783 милиони луѓе немаат пристап до вода!

10. Имате сон
Без разлика кој е вашиот сон, ваш е. Имате можност да го направите реалност. Никогаш не се откажувајте од соништата.

11. Вашата среќа е вистинска
Имате моќ да одбрете среќа во својот живот во сè што работите и во секоја прилика. Вашата среќа се дефинира во способноста да препознаете прилика во која може да бидете среќни.

coupon-1372158397__1469453602_77.28.153.84

12. Имате облека
Понекогаш многу опции, но тоа веќе е друга тема. Многу луѓе немаат облека, вие може да уживате во тој благослов и секој ден прописно да сте облечени за приликата во која се наоѓате.

13. Имате можност да простите
Може ли да замислите како би изгледал светот без простување? Колку несреќни би биле кога не би имале можност да им простите за грешките на другите или тие да ви простат на вас.

14. Верувајте во нешто поголемо од себе
Кога ќе ве притиснат животните проблеми, застанете и сфатете дека има нешто поголемо од вас. Без разлика дали е тоа Бог, или родителите, може да верувате дека постои навистина добра причина поради која вреди да се продолжи со храброст и трпеливост.

15. Имате прилика да изградите глобални пријателства
Во денешно време вашиот најдобар пријател може да е илијадници метри на далечина од вас, но сепак може да бидете блиски и да уживате во убавината на тоа пријателство.Имате можност да запознаете луѓе насекаде во светот, нешто што постарите генерации не можеле да го имаат.
Таа можност е дефинитивно знак дека добро ви оди во животот, иако вие не мислите така!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар