15 умни начини да си го направите животот полесен

0
  1. Наместете ги чевлите што ги користите секој ден врз цврсти метални решетки или кутии од млеко, наместо врз мали полици за чевли.

14256452_10154494610011667_1171840501_n2. Ако имате мал шкаф, чувајте ги вашата несезонска облека, чевли и додатоци во декоративни кутии надвор од него. Можете да ја искористите дури и кошницата за пикник, бидејќи во зима сигурно нема да одите на ливада.

14249104_10154494610171667_1661985744_n3. Закачете ги капите и шеширите кои најчесто ги носите на ѕид, користејќи закачалки-лепенки кои лесно можете да ги преместувате. Ова е многу убав, стилски изглед, а оваа идеја можете да ја искористите и за вратите на шкафот, ако тој е мал и нема место внатре.

14249209_10154494610231667_283774677_n4. Направете си сопствена кутија за обетки и прстени користејќи ги кутиите за испорака или пакување од продавница.

14249017_10154494610306667_1254161635_n5. Исчистете ги старите стаклени свеќници и претворете ги во организери за шминка или четки или искористете ги како мал простор за чување на ситници.

14285131_10154494610386667_412625555_o6. Ви останале алки од стара завеса за туширање? Залепете ги за обична закачалка и направате симпатичен и практичен организер.

14249292_10154494610446667_32558115_n7. Ставете ги вашите ѓердани и ланчиња на табла на видно место за да можат секогаш да ви бидат пред очи и лесно достапни, а и за да не се заплеткаат и да не се оштетат.

14256715_10154494610601667_847766374_n8. Исчистете го вашиот фрижидер еднаш засекогаш со користење на кантички или кутии — едни за сирење, едни за овошје и.т.н.. Со тоа го оптимизирате вертикалниот простор во фрижидерот и можете многу повеќе да складирате.

14269836_10154494610881667_216669381_n9. Имате држачи за вино кои некој ви ги подарил и ви фаќаат прашина по подрумите или таваните? Еве корисна намена. Завиткајте ги вашите крпи за лице и раце и чувајте ги во држачите за вино. Ставете ги близу мијалникот за да ви бидат лесни за дофат и така секогаш ќе знаете кои ви се чисти.

14248941_10154494611131667_306553992_n10. Не заборавајте да ја искористите предноста на внатрешниот простор на вратичките од кујнските елементи. Обесете корпички врз закачалки-лепенки и направете си дополнително место. Се разбира, ако тоа не пречи при затворањето на вратичката.

14269529_10154494612036667_1411903610_n11. Сортирајте ги лековите и работите од кутијата за прва помош во мали кутии и обележете ги. Не сакате секој пат да поминувате време копајќи по купот лекови за да го најдете она што навистина ви треба.

14171902_10154494612161667_740384089_n12. Старата столица можете да ја искористете. Превртете ја, ставете тркалца на делот за седење и добивате многу лесно пренослив организер за чување тапети, хартии и слични работи кои инаку ви се „мафтаат“ по разни фиоки.

14256569_10154494612236667_1373447168_n13. Реупотребете го стариот калап за мафини во лесно достапен организер за ситници. Така секогаш при рака ќе ви бидат мали ситници кои се потребни во секојдневието.

14269456_10154494618861667_1932151489_n14. Закачете 4 парчиња дрво заедно и направете скелет за склад во тоалетот којшто можете да го искористите на неколку начини.

14215390_10154494619011667_1292487073_o (1)15. Складирајте го вашиот фен и другите алатки за коса во метални организери и ставете ги под мијалникот. Вака секогаш ќе ви бидат лесно достапни.

14269361_10154494619081667_892094838_n

 

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар