15 мудрости што ги знаел секој самурај

0

Самураите биле припадници на привилегирана војничка каста во феудална Јапонија која што го негувала култот на војната, што подоцна станала основа во идеологијата на јапонските милитаристи, наречена „бушидо“.

Самурајската класа била една од четирите основни класи во Јапонија сè до периодот Мејџи т.е., до 1868. година , највисоко биле самураите, па земјоделците, занаетчиите, а последни трговците. Самураите се одликувале со храброст и трпение, а токму следниве реченици биле нивна најсилна мотивација.

„Пред да го споделиш својот став со некого, размисли дали другата личност ќе биде во можност да го прифати.“

„Грешките мора да се исправат веднаш откако ќе бидат направени. Ако тоа се направи без одлагање, последиците брзо ќе бидат опростени.“

„Оној кој е насилен кога е пијан е кукавица.“

„Секогаш избегнувај големи количини на алкохол, гордост и луксуз.“

„Прашувај! Не дозволувај гордоста да те попречи во тоа да ги добиеш одговорите кои ти требаат.“

„Кога се соочуваш со потешкотии и препреки, од големо значење е да продолшиш напред, храбро и весело.“

„Една личност вреди само кога умее да ја цени важноста на сегашниот момент.“

„За да го победиш непријателот, освен телото треба да го тренираш и умот.“

„Имаш одговорност за работите кои можеш да ги направиш денес. Секој нов ден носи нови прилики.“

„Ништо не е поважно од целите кои си ги поставуваш и стремежот кон нивно исполнување.“

„Пред да ги изговориш зборовите, провери дали се важни.“

„Несреќата секогаш доаѓа кај оние кои веруваат дека успехот им е загарнтиран.“

„Само еден збор открива дали некој е храбар или кукавица.“

„Никогаш немој да одбиеш некого кој те моли за помош, дури и ако си презафатен.“

„Биди верен на своите ставови и уверувања.“

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.