13 земји каде има идеален баланс помеѓу работата и животот

0

Да се постигне добар баланс помеѓу работата и животот е приоритет на повеќето луѓе. Има земји во светот каде тоа е поизразено, а има земји каде е невозможно да се постигне.

Истражување направено од InterNations, најголемата светска мрежа на луѓе кои живеат и работат во странство, оценило 43 различни аспекти на скала од 1 до 7.

Студијата покажува дека во некои земји не постои директна корелација помеѓу долгите работни часови и незадоволство со рамнотежата помеѓу работа и животот – пишува Индепендент.

На пример, Франција има втора најкратка работна недела во светот со 41 час во просек, но не се наоѓа на врвот на листата како идеална за живот.

Интересен е податокот кој вели дека има луѓе кои работат повеќе часови во денот, имаат солидна работа и социјална сигурност, а имаат време и за активности надвор од работата.

Прочитајте кои се 13-те земји во светот кои се идеални за живот, ако планирате да се преселите:

13.Коста Рика – Истражувањето покажало дека оние кои сакале повисоко ниво на задоволство од работата и животот заедно, дестинацијата за која се одлучиле била Костарика.

12.Германија – Земјата нуди сигурност во работата и нејзино задржување, разумни работни часови и убаво место за живот.

11.Чешка Република –Оваа земја изобилува со работни места за доселеници и нуди поволни услови за формирање на семејство.

10.Оман – Луѓето кои емигрираат тука се обично луѓе кои сакаат да работат на кариерата. Просечните работни часови се 44,1, а испитаниците изјавиле дека ги имаат едни од најдобрите плати во светот.

9.Австралија – 71% од испитаниците рекле дека имаат одличен баланс помеѓу работата и животот, иако луѓето кои емигрирале овде се малку повеќе загрижени за работата отколку оние кои се доселиле во Нов Зеланд.

8.Австрија – 67% велат дека се чувствуваат сигурни на нивните моментални работни места и со балансот кој успеваат да го направат со приватниот живот. 32% од нив изјавиле дека би сакале да останат засекогаш во Австрија.

7.Унгарија – Истражувањето вели дека генерално не само што мажите имаат тенденција да работат повеќе часа неделно од жените(просекот е 43,5 во однос на жените каде изнесува 39 часа), туку тие се и за нијанса посреќни отколку жените во однос на релацијата работа-живот.

6.Шведска – Како и другите скандинавски земји кои се на листата, разумните работни часови им овозможуват на доселениците да имаат солиден семеен живот, да имаат време и простор да одгледуваат деца.

5.Тајван – 30% од испитаниците биле комплетно задоволни од работниот и социјалниот живот, што е речиси двојно повеќе од процентот пресметан на глобално ниво(17%). Сетоа тоа е благодарение на просекот на работни часови кој изнесува 40,7 на  неделно ниво.

4.Луксембург – Истражувањето покажало дека Луксембург е една од петте земји кои се идеални за работа во странство. 43% од доселениците имаат универзитетски дипломи, а 12 % се доктори на науки.

3.Нов Зеланд – Овде има најмалку работни часови во неделата, просекот изнесува 38,6 часа, во споредба со просекот на светско ниво кој е 41,4. Дополнително задоволство е што во Нов Зеланд е висок процентот на стабилна работа.

2.Данска – Земјата има најкратка работна недела во светот, просекот изнесува 39 часа.

1.Норвешка – Во Норвешка се работи во просек по 41,7 часа неделно, но оваа земја е оценета како една од најдобрите за живот и работа. Идеална за семејство и среќен живот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот