13-то издание на фестивалот на улични изведувачи – Баскерфест 2018

0

Од 12-17 јуни на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, ќе се одржи 13-тото издание на фестивалот со улични изведувачи „Баскерфест“ 2018.

Над 30 улични артисти од разни краеви на светот во театарот под отворено небо шест дена ќе ги забавуваат и анимираат жителите на Скопје.

Оваа година, на програмата на најголемото улично шоу ќе има индиски спектакл, циркус, жонглери, акробати, магионичари, музичари, танчери како и едукативни работилници за деца, пулт за едукација и помош за бездомните животни и уште многу забавни содржини за сите посетители.

Фестивалот е поддржан од град Скопје.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.