Голем европски турнир во ММА во организација на ISFA и Македонската кик бокс – ММА федерација

0

На 3 декември, сабота, во СЦ „Младост“ во Битола, светската организација ISFA , македонската кик бокс и ММА федерација, за првпат во Македонија ќе го организираат европски турнир во ММА и NO GI Grabling дисциплини.

На покана на претседателот на ISFA, г-нот Христо Илиев, македонската кик бокс и ММА федерација, е домаќин на овој голем европски настан.

„Добро е позната работата на Дејан Митревски – Урко и на Андреј Ѓоргиев, затоа за првпат Македонија ќе биде домаќин на овој настан“ – вели Илиев.

15216141_1350324248333628_1397851950_o

Учесници ќе има од сите европски држави, како формат на турнир ќе биде во согласност со сите ЕУ стандарди.

Интересно и ново е тоа што ќе има ВИП ложа околу самиот ринг каде на гостите ќе им биде служена само здрава храна за консумација.

Протоколни гости на настанот ќе бидат претставници на Европската Унија во Македонија, делегација на НАТО,  претставници на бизнис и политичката елита од Македонија, градоначалници, како и големи ѕвезди од земјава и од Балканот.

15207883_1351270098239043_1272067787_n

Кулуминација на настанот ќе  биде борбата помеѓу бугарските и македонските борци Златко Петровски, Ристо Димитров – Чорино, Филип Божиновски, Блажо Дордов, Борче Талевски, Игор Лазаревски и други, кои ќе имаат можност да однесат победа за сопствената земја.

„Убедени сме дека ќе биде голем спектакл во Македонија благодарение на работата и трудот на Дејан Митревски – Урко и Андреј Ѓоргиев, кои придонесоа Македонија да стане позната дестинација на ММА светската карта“ – вели Илиев.

15208015_1350317658334287_337974340_nИнаку, во текот на денот со почеток во 10 часот наутро ќе се случува европското првенство за аматери, додека големото Гала отворање е закажано за 20 часот, истиот ден.

Организаторите велат дека станува збор за турнир кој ќе излезе од границите на класичното натпреварување и ветуваат незаборавен настан.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.