12 психолошки факти кои не сте ги знаеле

0

Кога се сеќавате на настаните од минатото, всушност се сеќавате на последниот пат кога сте помислиле на ситуацијата.

1. Ако ги најавите и изговорите вашите идни цели, помалку е веројатно дека ќе ги постигнете. Многу истражувања од 1930тата до денес го докажале тоа.

2. Колку повеќе трошите на подароци за други луѓе, толку ќе бидете посреќни.

3. Кога се потсетувате на минат настан, всушност се сеќавате на последниот пат кога сте го помислиле. Ова го објаснува чувството што го добиваме дека меморијата за настанот избледува.

4. Трошење пари на нешто што можете да го искусите (концерт, патување), наместо на материјален предмет исто така ќе ве направи посреќни.

5. Паметните луѓе често се потценуваат себеси и не веруваат на пофалбите наменети за нив.
Оваа појава е позната како Данинг Кругер Ефект.

6. Со самото тоа што сте во опкружување со личност која е среќна и и се случило нешто добро, вие ќе бидете посреќни.
Среќата и смеата се заразни, нели?

7. Луѓето од 18 до 33 години се најмногу изложени на стрес.

8. Ако се убедите себеси дека сте спиеле убаво претходната ноќ, ќе го залажете мозокот дека навистина сте спиеле добро.
Појавата е наречена ”плацебо спиење” и оваа мисла вистински може да ви даде повеќе енергија.

9. Одредени верски практики го намалуваат стресот.
“Американски психијатриски учебник за нарушувања на расположението” покажува дека луѓето кои се занимаваат со медитација и религиозна молитва се помалку под стрес.

10. Нормалните деца денес имаат многу повеќе психолошки нарушувања од просечен пациент во 1950.
Оваа информација е навистина страшна, но не е чудна. Половина од човечката популација страда од анксиозност, депресија или злоупотреба на некакви супстанци.

11. Вашите одлуки звучат порационални кога ќе ги помислите на друг јазик.
Студија на Универзитетот во Чикаго покажала дека корејските граѓани кои размислувале на странски јазици ја намалиле својата целосна пристрасност.

12. Музиката влијае на вашата перспектива.
Една студија на Универзитетот во Гронинген покажала дека музиката има драматично влијание врз вашата перцепција.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.