Францускиот бренд за накит Nina Box го прослави 5-тиот роденден

0

Уникатност, убавина, посебност, кристали и привлечност се првите неколку работи кои го опишуваат накитот Nina Box.

Вчера, овој француски дизајниран накит изработен со SWAROVSKI кристали прослави 5 години постоење во Македонија.

Присуствуваа голем број Instagram инфлуенсерки кои лично можеа да се уверат во квалитетот и уникатноста на самиот бренд.

На присутните гости им се обрати сопственичката на Nina Box за Македонија, Гордана Костадиновски која ја раскажа приказната за самиот бренд, за неговото настанување, целата идеја која стои зад брендот, како и почетоците кај нас.

Прекрасна вечер исполнета со многу позитивна енергија, ноќ на кристали и накит кој ви останува врежан во сеќавањата.

Nina Box докажува дека во Македонија има одлична понуда на ексклузивен дизајниран накит, за луѓе со истенчен и дефиниран вкус.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот