Дали знаете од кога користиме презимиња?

0

Презимињата се дел од нас од нашето раѓање, дури и пред да станеме свесни за нивното постоење. И ги доживуваме како нешто сосема природно. Како да се дел од нашето тело. Со нив се раѓаме, со нив умираме… Ама, презимињата не постоеле отсекогаш. И во различни делови од планетата се појавиле во различно време.

Како и повеќето работи на планетава, и презимињата потекнуваат од Кина, а почнал да ги употребува царот Фу XI во 2852 година пред нашата ера. Неговата администрација го вовела тој нов систем на запишување на имињата за да го олесни собирањето информации за населението.

13394193_900688046709031_2644996094141764564_n

На почетокот презимињата се добивале по женска линија (матроними), ама тоа го сменила династијата Шанг (1600-1046 год. п.н.е). Симоболот за презиме во кинескиот јазик и понатаму користи обележје кое потсетува на тоа дека првите презимиња потекнувале од мајките.

Презимињата во Јапонија се воведени дури во 19. век, а претходно ги користела само аристократијата.

Во Античка Грција, наместо презиме, на името се додавало местото од каде што некој потекнувал. Дури подоцна тоа е заменето со „син на“ или „ќерка на“, но исклучиво по машка линија.

Пред пропаѓањето на Римското царство, немало презимиња какви што ги знаеме денес, а во западниот дел со доминантна германска култура, презимињата воопшто и не се користеле.

Првата нација во Европа која користела презимиња што се пренесувале од колено на колено биле Ирците. Првото забележано ирско презиме е „О’Клер“ и потекнува од 916 година. Најголемата експанзија на презимињата во Европа се случила во 17. век.

Некои земји многу доцна го вовеле овој обичај. Холандија, на пример, ги вовела презимињата во 1811 година, Јапонија десетина години подоцна, на Тајланд се усвоени од 1920 година, а во Турција дури во 1937 година, благодарение на реформите на Кемал Ататурк.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар