11 знаци дека сте опкружени со злобна личност

0

Сите сакаме да веруваме дека има нешто добро во сите околу нас.

За жал, постојат ”скапани јаболка”. Тие луѓе не се само лоши, туку претставуваат одреден вид на зло.

Она што е интересно е дека овие луѓе, всушност, сите ги доживуваат како добри и прекрасни кога ќе ги запознаеме и потребно е подолго време за да се открие нивната злобна природа.

Тие поседуваат мешавина на особини, според кои можете да ги детектирате. 

Во прилог погледнете ги главните 11 знаци кои ќе ви помогнат да дознаете дали се соочувате со зло во вашиот живот, за да можете да ја елиминирате нивната токсична и злобна енергија…

1. Не ја прифаќаат реалноста
Тие секогаш имаат своја приказна или вистина, дека не можете да се согласите за истото. Нивната изопачена перцепција им овозможува друга реалност, што е скриен знак за нивните намери.

2. Ги извртуваат фактите
Друга силна особина што ја поседуваат злите луѓе е способноста да се превртува секој факт. Тие се обидуваат да ja извртат ситуацијата што не одговара на “нивната реалност”.

3. Тие се колекционери на информации
Злите луѓе ги чуваат информациите кои ги собираат за другите, со цел да ги искористат во вистински момент и да го оцрнат нивниот идентитет. Затоа, внимавајте што им кажувате на луѓето. Тие ќе направат да се чувствувате дека може да им верувате.

4. Манипулираат
Секогаш кога е во нивна корист, тие ќе ги искористат шансите за да ја искриват вистината до степен што вие ќе се чувствувате преплашени, нападнати и ранливи. Ним им е совршено совладана способноста да ја извлечат од вас токму онаа емоција што сакаат. Толку се добри во тоа што на крајот на денот ќе почнете да верувате во она што тие ви го сервирале. Со само неколку едноставни зборови, тие можат да создадат непријатели во вашата глава. Манипулацијата е нивното најмоќно оружје.
Планираат однапред, секоја нивна постапка е внимателно пресметана, па не можете против нив.

5. Лажат
Тие лажат толку многу, што тоа е природен начин на кој тие се изразуваат. Не можат да создадат мисла во својот ум, без да додадат зачин на зло во неа.
Кога ги фаќате во лага, тие со дупло повеќе лаги ќе ја извртат ситуацијата за да помислите дека вие грешите.

6. Не се каат
Овие луѓе немаат чувство на каење, за нечиј живот што уништиле или некому што наштетиле. За нив другите луѓе се само пиони со кои играат. Ако видат искра добрина во вас, тоа ќе биде нивниот АС во ракавот и без размислување ќе го злоупотребат тоа

Сечија слабост, за нив е нова можност. Зошто? Бидејќи уживаат да гледаат други луѓе во болка и тага.

7. Избегнуваат одговорност
Тие немаат морален компас. Секогаш ја префрлуваат вината на другите и не знаат што е тоа ”извини”. Наместо тоа, на крајот вие ќе бидете оние што ќе се извинат за нивните грешки. Колку забавно, нели?

8. Тие се ваши пријатели, само во пријатни моменти
Секогаш кога злa личност ќе истрча да ви помогне, имајте на ум дека постои причина и намера зад нивната постапка. Тие не се личности кои чувствуваат емпатија, што значи дека ним им е сеедно дали вам ви е убави или не.
Тие едноставно не гледаат причина зошто да ви помогнат, ако не добиваат ништо за возврат.

9. Го крадат вашето време
Ако знаат дека имате важен настан или рок да завршите нешто, тие ќе направат се за да ви го одвлечат вниманието. Многу е веројатно дека ќе се претворат во жртви пред вашите очи, за да ги сожалите и да ги одберете нив пред себе си.

Тие не можат да поднесат да бидете подобри од нив – на било кој начин.

10. Живеат двоен живот
Бидејќи тие прикриваат со лаги се што прават, никогаш не го откриваат својот вистински живот пред другите. Со нивните лаги, тие не водат два, туку стотици животи.

Тие се претставуваат поинаку пред различни луѓе, се прилагодуваат на своите намери и планови, знаејќи точно која маска е компатибилна за ситуацијата.
Никој навистина не ја знае нивната вистинска личност или минато.

11. Мора да контролираат
Со цел сè да оди според планираното, тие мораат да ја контролираат ситуацијата. Глумат за да ја здобијат туѓата доверба , за да го добијат чувството на моќ.
Доколку нешто не се одвива како што тие наумиле и тие ја изгубат контролата врз ситуацијата, нивната внатрешна фрустрација може да ескалира во видлива агресивност.

Секој може да поседува неколку или дури и сите од наведените особини. Тоа не значи дека токму таа личност е зла, но ваша задача е да процените колку се чисти намерите на луѓето со кои сте опкружени.

Доколку забележите ваква личност покрај вас, не очекувајте да се промени. Злите луѓе немаат чувства ниту желба да бидат поразлични.

Бидете повеќе свесни за тоа со кого се опкружувате и никогаш да не заборавајте да се сакате себе си !

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.