11 лаги кои треба да ги игнорирате ако сакате да се збогатите

0

Кога во животот имате цел да успеете, тогаш не треба да дозволите пречки на патот. А тие секогаш ќе се појавуваат, некогаш случајно, некогаш намерно од луѓето или генерално од околината.

Тоа не треба да биде причина за чекор назад или колебање, тоа е само тест кој мора да се надмине. Има неколку лаги кои ќе ги слушнете на вашиот пат до успехот, лаги кои што мора да ги игнорирате бидејќи во спротивно нема да стасате каде што сте тргнале.

Не можете да бидете богати:

1.Ако сте самохран родител

Неточно. Пречката не е во брачниот статус, туку во самата личност. Овде може да се случи спротивната ситуација – да имате мотивација плус за успех бидејќи имате за кого да го правите тоа. Ова е лага која мора да се игнорира бидејќи е кажана и проширена меѓу луѓето со цел-неуспех. Ќе биде тешко, на моменти невозможно, но сепак остварливо. Ќе бара голема жртва од вас, но награда ќе следи.

2.Доаѓате од нестабилно семејство

Тоа што родителите се разделиле кога сте биле мали, тоа што постојано сте биле со две адреси на живеење и своевремено сте слушале кавги кои влијаеле на вас, не значи дека нема да работите на себе и вашата работа да ви донесе успех. Или пак во некое друго сценарио каде што финансиските проблеми во детството го направиле животот невозможен. Заборавете на сè што кажува околината и гледајте напред.

3.Ако сте родени или живеете во САД

Секаде низ светот има многу богати луѓе, не само во САД. Впечатокот дека во САД полесно се станува богаташ е заради филмската пропаганда на која сме сведоци со години.

4.Имате висок коефициент на интелигенција

Да, постои врска помеѓу овие две работи, но не значи дека ако коефициентот не е висок, тоа не значи дека личноста е предодредена на успех. Има многу примери кои покажуваат дека луѓе со понизок коефициент на интелигенција се збогатиле во текот на животот. Без разлика на бројките, богатството е резултат на упорност, работни навики и систематизација.

5.Ако купувачот е секогаш во право

Секој трговец или бизнисмен се труди да има најдобра услуга што може, но ако со тек на време се стекне авторитет и доверба, може да се отстранат клиентите кои влијаат лошо на работата.

6.Богатството може да го стекнете само на штета на околина

Уште една лага, невистина која мора да ја игнорирате. Вредностите ги создавате вие, не претходните примери и искуства на другите луѓе.

7.Ако некој друг се соочи со загуба, вие ќе успеете да се збогатите

Богатството не значи туѓа несреќа и крадење на нечиј успех. Ако ова не ви е верно, помислете на првите богати луѓе во светот, тие живееле во време кога немале од кого да земат, туку морале сами да заработат.

8.Инвестирајте во берза и во пазар на недвижности

Ова не е единствениот начин да се збогатите. Ако се занимавате со нешто друго, можеби малку побавно ќе стасаат парите, но сепак богата идина може да се има.

9.Ако сакате да биде како што треба, тогаш направете го тоа сами

Мора да имате доверба во луѓето. Империја не се гради сам. Можете да почнете сами, но не се гради во целост. Имате потреба од војска која ќе стои зад вас и ќе ви помогне во сето тоа.

10.Никогаш да не грешите

Секој човек греши, поточно секој оној кој работи греши. Така се учи и се оди напред. Една личност учи од грешките на другите луѓе, но многу повеќе од сопствените.

11.Мора да се каже „ДА“ на сè

Успешните луѓе најголем дел од времето велат не. Ако немате храброст да кажете НЕ, тогаш размислете уште еднаш дали сте на добар пат.

Секако дека сето ова постои во пракса и дека голем дел од луѓето се раководат според нив, но тие не се правило. Богатството и успехот одат „рака под рака“ со упорност и работа, со одредени жртви кои ќе мора да ги наравите.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот