106 години од најголемата светска трагедија

0

Денеска се навршуваат 106 години од потонувањето на бродот „Титаник“.

„Титаник“ беше океански брод на Вајт Стар Лајн, изграден во бродоградилиштето Харланд и Вулф во Белфаст и дизајниран да им конкурира на конкурентите Кунард, „Лузитанија и „Мавританија“. „Титаник“ заедно со своите сестри од олимписка класа, Олимпик и наскоро што ќе се изградел Бритраник (што првин се нарекувал Гигантик) биле наменети да бидам најголемите, најлуксузни бродови од тоа време.

Дизајнерите биле директорот на Харланд и Вулф и Вајт Стар, Лорд Вилијам Пири, менаџерот за изградба како и главен во одделот за дизајн, морнарскиот архитект Томас Ендрус, како и пионот и генерален менаџер Александар Карлајл.

Улогата на Карлајл била да се дизајнира суперструктурата на овие бродови, главно аеродинамичната суперструктура придружена во трупот, како и правење на ефикасни дизајни на кранови за чамците за спасување. Карлајл ќе го напушти проектот во 1910, пред бродот да биде пуштен, кога стана акционер во Велин Дејвитс и Енџениринг Компани, односно фирмата задолжена за крановите.

Изградбата на „Титаник“, спонзорирана од американецот Џ.П.Морган и неговата корпорација Интернешнел Меркантајл Марин, започнала на 31 март 1909. Трупот на „Титаник“ бил пуштен во вода на 31 мај 1911, а неговото комплетно градење е завршено до 31 март наредната година. Тој беше долг 269,1 метри, широк 28 метри, со целовкупна тонажа од 46 328 тони и со височина од 18 метри, од водата до палубата со чамци. Бил опремен со четири цилиндричен алтернативен мотор, тројно распространети мотори и една Парсонова турбина на низок притисок, засилена со три пропелери. Имал 29 бојлери загрејувани од 159 печки на јаглен и кои овозможијлевисока брзина od 23 јазли односно од 43 километри на час. Само три од четирите 19 метарски оџаци биле функционални, додека четвртиот бил додаден за вентилација и секако да го направи бродот поимпресивен. Бродот можел да носи вкупно 3 547 патници и екипаж.

Пробно патувањена „Титаник“ започнало кратко по оспособувањето од бродоградилиштето Харланд и Вулф.Патувањето требало да започне во 10 часот во понеделникот на први април , само девет дена пред да го напушти Саутемптон на своето прво патување, но заради лошите временски услови биле одложени за наредниот ден. На „Титаник“ имало 78 ложачи, подмачкувачи и пожарникари, како и 41 член на екипажот.

Немало ниту еден домашен персонал. Претставници од различни компании патувале на пробно патување на „Титаник“, каде што присуствувале и Харолд А. Сандерсон од И.М.М. и Томас Ендрус и Едвард Вајлдинг од Харланд и Вулф. Брус Исмеј и Лорд Пири биле болни за да присуствуваат. Џек Филипс и Харолд Брајд работеле како радио оператори и ја разработувале убаво Маркони опремата. Г-дин Карутерс, надзорник од Министерството за трговија, бил исто присутен за да се увери дека се работело убаво и бродот бил способен за патници. По пробата тој потпишал „Договор и Извештај за патници и екипаж“, со важност од 12 месеци, со кој се уверува дека бродот е достоен за пловидба.

Бродот го започнал своето прво патување од Саутемптон, Англија, кон Њујорк, на 10 април 1912 со капетанот Едвард Џ. Смит. Додека „Титаник“ бил закотвен на пристаништето, за малку ќе се судрел со бродот Њујорк, кој го влечеле во близина. Инцидентот го одложил тргнувањето за еден час. По минувањето на англискиот канал, „Титаник“ застанал кај Шербург, Франција за да качи други патници и застанал наредниот ден кај Квинстаун (денешен Коб) Ирска. Поради тоа што пристаништето во Ирска не се совпаѓало со неговата големина, „Титаник“ морал да се укотви недалеку од брегот, со мали бродови, познати како помошници, ги превезеле останатите патници на него. Кога конечно тргнал кон Њујорк имал вкупно 2 240 луѓе качени на бродот.

Џон Кофеј, 23 годишен член на екипажот, додека бродот бил закотвен кај Ирска, се скрил во поштата и се упатил повторно кон Квинстаун. Кофеј изјавил дека причината за тоа е суеверието кое го имал за пловењето и особено за „Титаник“. Подоцна тој потпишал договор за да се придружи на екипажот на Мавританија.

На своето прво патување „Титаник“ имал многу истакнати патници во првата класа. Во нив биле и: милионерот Џон Џејкоб Астор 4 и неговата жена Мејделин Форс Астор, индустријалецот Бенџамин Гугенхејм, сопственикот на Мејси, Исидор Штраус и неговата жена Ида, денверските милионери Маргарет “Моли„ Браун, Сер Космо Даф Гордон и неговата жена грофицата Луси ( Лејди Даф-Гордон), Џорџ Елкинс Вајлденер и неговата жена Еленор, крикет играчот и бизнимен Џон Борланд Тајер со неговата жена Мериен и нивниот седумнаесет годишен син Џек, новинарот Вилиам Томас Стед, Грофицата од Ротес, претседателскиот помошник на САД Архибалд Бат, авторот и светскиот човек Хелен Черчил Канди, авторот Жак Фитрел неговата жена и нивните пријатели, како и бродвејските продуценти Хенри и Рене Харис, актерката во филмови без звук Дороти Гибсон меѓу другите. Џ.П.Морган требаше да патува но во последен момент го откажал своето патување. Исто така патувал и генералниот директор на Вај Стар Лајн, Џ. Брус Исмеј, дизајнерот на бродот, Томас Ендру, кој бил задолжен за надгледување доколку се појават некои проблеми и да ги процени карактеристиките на бродот.

Ноќта на 14 април 1912, температурата се спуштила до замрзнување и океанот бил мирен. . Капетанот Смит, на дадено предупредување на санти мраз, незначајно го променил курсот на „Титаник“ кон југ. Таа недела во 13:45 часот, пораката од бродот Америка ги предупредила за тоа дека има санти мраз на патот на „Титаник“, но Џек Филипс и Харолд Брајд задолжени за радио врските, биле вработени од Маркони и платени само да примаат и пренесуваат пораки на патниците. Не биле фокусирани за праќање на не толку „значајни“ пораки за санти на мостот. Подоцна вечерта, друго известување за многубројни санти мраз, овој пат од Месаба, не биле доставени до мостот. Во 23:40 часот, додека пловеше околу 400 милји од Големиот брег на Њуфаундланд, стражарите Фредрик Флит и Реџиналд Ли здогледале голема санта мраз како стои испред бродот. Флит заѕвони на ѕвоното три пати и го повика мостот извикувајки: „Санта мраз пред нас!“

Останатото е позната историја – бродот потонал после 2 часот по полноќ, носејќи многу животи со себе.