105 години од раѓањето на Клара Рокмор

0

На денешен ден, пред 105 години е родена Клара Рокмор, пионер на електронската музика.

Рокмор беше господарка на инструментот наречен Теремин-првиот електронски музички инструмент во светот и првиот инструмент на кој може да се свири без да го допрете. Теремин е инструментот кој има иснпирирано бендови како што се Лед Цепелин, Ролинг Стоунс и Бич Бојс. Тој се смета и за инструмент кој послужил како инспирација за создавање на првиот синтисајзер.

Рокмор била неверојатно талентирана музичарка уште од мали нозе, таа на 2 години веќе можела да ги препознае мелодиите на пијаното. На 4 години станала најмладата виолинистка које некогаш била примена во Кралскиот Конзерваториум во Санкт Петерсбург. За својата аудиција таа морала да се качи на маса, бидејќи сеуште била многу малечка.

klara 2

Додека е таа сеуште малечка, нејзиното семејство одлучува да го напушти Советскиот Сојуз. После повеќе-дневна голгота-морале илегално да преминуват многу граници и да патуваат во кочија, тие конечно во 1921 година успеваат да стигнат во Соединетите Американски Држави. Но набрзо после пристигнувањето таа развива артритис на едниот лакт, што ја оневозможува да продолжи со својата кариера како виолинистка. Но тоа не ја поколебува да изгради музичка кариера. Во Њујорк го запознава, Лев Сергеевич Термен “Рускиот Едисон“ и изумител на првиот електронски инструмент кој и го носи неговото име.

klara 3

Уште при првиот контакт со овој инструмент, Клара се вљубува во него и одлучува тереминот да и стане примарен инструмент, а подоцна станува и најпознат и најдобар изведувач на овој инструмент во светот. Нејзината виртуозност со овој инструмент била толкава, што таа дури му помогнала на својот пријател Лев Тремен како да го подобри дизајнот на инструментот и како да го направи да има поголем музички распон-5 октави наместо 3.

Овој инструмент имал големо влијание над музичари како што е Џими Пејџ од Лед Цепелин, кој чувал еден теремин на сцена за време на концертите и го користел при изведување на некои песни. Брајан Џонс од Ролинг Стоунс исто така го користел тереминот на нивните албуми од 1967 година. Друг познат музичар кој го користел тереминот е Брајан Вилсон од Бич Бојс. Тој сметал дека звуците кои ги произведува овој инструмент се магични.

Но веријатно најголемо влијание, овој инструмент имал над Роберт Мог-изумителот на првиот синтисајзер, наречен Могов синтисајзер.
Битлси, Дорси и многу други бендови од тоа време, користеле могов синтисајзер за да ги доловат нивните впечатливи “психоделични“ звуци.
Денес, аналогниот синтисајзер е заменет со модерни дигитални синтисајзери.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот