100 години од раѓањето на Нелсон Мандела

0

„Како што тргнав низ вратата кон портата која ме носеше до мојата слобода, знаев дека ако јас не ја напуштам мојата горчина и омраза зад себе, јас се уште ќе бидам во затвор”, беа зборовите на Нелсон Мандела, откако беше ослободен во 1990 година, после 27 години поминати во затвор.

Тој беше симбол за борбата за човекови права, а светот го сметаше за таткото на модерната Јужна Африка.

Мандела е роден на 18 јули 1918 година, а почина на 5 декември 2013 година, на 95 годишна возраст. Тој е првиот демократски избран претседател на Јужноафриканската Република.

Во 1942 Мандела се приклучил на Африканскиот национален конгрес (АНК), а по две години, заедно со Валтер Сисулу, Оливер Тамбо и некои други, го основале неговиот Младински сојуз.

По победата на изборите од 1948 на Националната партија, која се залагала за политика на расна сегрегација, Мандела се истакнал во Кампањата за спротивставување на АНК од 1952 и во Конгресот на народот од 1955, кој усвоил “Повелба на слободата”, која била темел за анти-апартхајдската политика.

На почетокот Мандела се залагал за ненасилен отпор, но по масакрот во Шарпенсвил од март 1960, придружен со забрана на АНК и на другите анти-апартхејдски групи, Мандела и неговите соработници се одлучиле за вооружено делување со цел да се извојуваат промени.

Во 1961 Мандела станал лидер на вооруженото крило на АНК. Ја координирал кампањата на саботажи против воени, владини и цивилни цели.

На 5 август 1962 бил уапсен и осуден на пет години затвор. По две години, при судскиот процес против многу истакнати водачи на АНК, при што речиси сите, а вклучително и Мандела, биле осудени на доживотен затвор.

Во годините што следеле, неговото затворање предизвикувало многу меѓународни осуди до апартхејдската влада во Јужна Африка, а неговиот углед постојано растел. Меѓу другото, во 1988 ја добил Сахаровата награда за слобода на говорот.

Поради големиот меѓународен притисок, владата во февруари 1985 му понудила на Мандела пуштање на слобода ако се откаже од вооружената борба, што тој го отфрлил. На крајот, на 11 февруари 1990 претседателот на Јужна Африка, Фредерик де Клерк, наредил негово ослободување и тргање на забраната за делување на АНК. Во 1993, Мандела и Де Клерк заедно ја добиле Нобеловата награда за мир.

Во продолжение се потсетуваме на некои од неговите најпознати изјави:

  • Добра глава и добро срце се секогаш извонредна комбинација.
  • Сакам пријатели кои имаат независен ум, бидејќи прават да ги погледнете проблемите од сите можни агли.
  • Запознајте го својот непријател и дознајте кој му е омилениот спорт.
  • Да се биде слободен не значи да се ослободи некој од синџирите, туку да се живее на начин кој ја почитува и овозможува слободата на другите.
  • Водете од назад и дозволете им на другите да веруваат дека се напред!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот