10 животни лекции кои може да ги научиме од луѓето со тетоважи

0

Понекогаш многу се внесуваме во површниот аспект на тетоважите, како на пример какво значење има одредена тетоважа и колку тие чинат за да се направат. Но, ако за момент размислиме подлабоко, може да најдеме неколку лекции за живеење кои треба да ги научиме од луѓето што се тетовирани. Еве неколку од нив:

1. Вашите стандарди се единствените што се важни

Секако дека дека има некој што смета дека Вашата нова тетоважа не е толку убава, но зошто да Ви е важно тоа мислење? Сè додека Вие сте среќни и задоволни од начинот на кој изгледате, тогаш останатите попусто зјапаaт.

2. Првиот впечаток не е секогаш точен

Секој што има тетоважа или има пријател кој е истетовиран може да ви ја потврди оваа животна лекција. Секојдневно гледаме како фини, интелигентни и дарежливи луѓе се осудувани само поради нивните мали украси на кожата.
Познавањето тетовирани луѓе нè учи да не го вреднуваме надворешниот изглед, туку да поминеме повеќе време запознавајќи ги луѓето какви се однатре.

3. Болката е краткотрајна

 

За ова се сведоци сите кои ставиле некаква тетоважа на себе. Без разлика колку и да сте толерантни на болка, секогаш ќе се погоди некое место на телото што ќе ви биде почувствително од другите.
Но, колку е да е болен процесот, толку погорди ќе бидете со крајниот резултат.
Понекогаш забораваме дека болните работи не водат кон подобри нешта. Тетоважите се одличен потсетник на тоа.

4. Стравот од нови искуства е преценет

Здобивањето со прва тетоважа може да биде прилично страшно за многу луѓе. Тоа е нешто што досега не сте го направиле и да бидеме искрени, си бара целосна посветеност.
Но, тие што сепак решаваат да ја направат и покрај тие стравови, се чувствуваат подобро и похрабро после новото искуство. Затоа и често не застануваат само на една тетоважа.

5. Значењето е субјективно

 

Ниедна тетоважа нема исто значење како некоја друга. Тие можеби личат една на друга понекогаш, но секоја личност ја оформува според своја идеја, искуство и сеќавања кои се прелиени во таа слика.
Да судите некој поради тоа што ВИЕ мислите дека му значи тетоважата е сосема нелогично.

6. Но, не мора сè да има одредено значење

Исто така, тотално бесцелно е да претпоставувате дека секоја тетоважа има некое уникатно и неверојатно значење за личноста.
Некои луѓе се тетовираат само зашто им се допаѓа како естетски изгледа сликата и толку. Некои се тетовираат само зашто сакаат да се тетовираат. Не мора се да има некоја посебна цел во универзумот за да постојат. Некои нешта само постојат.

7. Парите не се сè во животот

 

Една од најголемите критики кои секојдневно ги слушаат луѓето со тетоважи е тоа колку пари трошат на нив. Точно, секој tattoo shop има различен ценовник, но квалитетно изработена тетоважа може да Ве чини и неколку стотици евра. Па што?
Не само што ќе добиете уметничко дело кое ќе си го задржите засекогаш, туку ќе добиете и долготрајно сеќавање и забавно искуство кое ќе го раскажувате до крајот на Вашиот живот. Тоа е бесценето.

8. Ништо не е грешка доколку сте искрени пред самите себе

Уште една важна лекција што може да ја научите е дека грешките не постојат доколку Вие сте искрени кон себе за тоа што го сакате.
Можеби некогаш ќе треба да ги прикриете или да се облечете нешто со долги ракави, па што?

Најважно е Вие да се чувствувате удобно и самоуверено во начинот на кој изгледате.

9. Да се биде невообичаен е забавно

 

Иако зјапањето во тетоважите на непознат човек знае да биде многу непријатно, но да бидете Вие зјапаната страна може да биде многу забавно, oсобено ако некој зјапа во Вашата најомилена тетоважа. Понекогаш ласка моментот што и некој друг се восхитува на Вашите украси исто како и Вие.

10. Да бидете такви какви што сте е единствениот начин да бидете искрено среќни

Сè додека изгледате како што се чувствувате однатре, ќе бидете самоуверени и среќни. Ништо друго не е важно.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот