10 техники како најдобро да го менаџирате времето

0

Понекогаш е многу тешко да завршите сè што сте испланирале во текот на работниот ден. Дури ни останувањето подоцна на работа не помага. Нервозата и паниката го земаат својот данок, а работата не само што не се завршува, туку и се прават грешки.

Знаете ли какво време постои? Имаме „реално време“ и „време на часовникот“. Времето на часовникот е поделено во секунди, минути, часови и тоа е точно дефинирано. Реалното време е она што ви е потребно за да завршите некоја работа – понекогаш тоа „лета“, понекогаш „стои“, зависно од тоа што правите.

Реалното време е она што го создавате самите во својата глава, според своите потреби. Ако не се ограничувате самите, ако не си поставувате сопки, тогаш многу лесно ќе успеете да го менаџирате сопственото време. Но како?

Следете ги следниве десет техники и ќе успеете.

1.Секогаш носете планер со себе, а на мобилниот телефон снимајте ги своите мисли, разговорите или активностите поврзани со работата за целата недела. На крајот ќе знаете колку работа сте завршиле, каде губите најмногу време, кога сте најпродуктивни, а колкав дел од времето ви е потрошен залудно.

2.Секоја активност или разговор што се важни за вашиот успех треба да се забележани со точно време. Бидејќи имате долга листа на активности, во текот на денот забележете си „кус состанок со себе“ и во тоа време разгледајте ги своите приоритети како и работите што треба да ги завршите. Ова нека е време посветено за вас и вашите мисли.

3.Барем половина од работното време посветете го на мисли, активности и разговори кои ви ја поттикнуваат продуктивноста.

4.Одвојте време за прекини, бидејќи знаете дека што и да правите, некој ќе ви го оттргне вниманието од работата.

5.Првите 30 минути од работниот ден искористете ги за целосно да го испланирате денот. Не почнувајте со работа додека немате направен план – час по час.

6.Пред секој состанок или телефонски разговор, одвојте неколку минути да си ги средите мислите, да се сконцентрирате и да се фокусирате на идното случување. Ако мислите ви талкаат на сите страни, продуктивноста ќе изостане.

7.Кога имате многу важна работа, а е притоа поврзана и со рокови, замолете ги колегите да не ве вознемируваат, дури и ставете зак на вратата „не вознемирувај“ за да можете да се сконцентрирате на тоа што го правите без прекини.

8.Не кревајте слушалка само затоа што телефонот ѕвони. Некои разговори можат да почекаат.

9.Блокирајте ги работите што ви го одвлекуваат вниманието, како Фејсбук или Вибер.

10.Запомнете дека е невозможно да завршите сè. Исто така запомнете дека 20% од вашите мисли, разговори и активности ќе произведат 80% од вашиот резултат.

Обидете се, можеби ќе ви треба малку време, но не е тешко откако ќе создадете рутина.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот