10 тајни за убавина на Меган, Кејт и принцезата Дајана

0

Mеган Маркл и Кејт Мидлтон, или Војвотката од Сасекс и Вoјвотката од Кембриџ, како и покојната принцеза Дајана, се кралски имиња за кои светот секогаш сака да знае нешто повеќе.

Овојпат, за нивниот изглед откриваме неколку некоја тајна.

1.Вежба за лице

Меган редовно прави вежби за лице кои ги има креирано најпознатиот експерт во бјути индустријата за нега на кожа, Николас Џос. Вежбите помагаат за обликување на лицето одвнатре, а ефектот е зголемена цврстина на јагодиците

2.Три нијанси на сенки за очи

На денот на венчавката Кејт беше нашминкана со три нијанси сенки за очи: боја на слонова коска преку целиот капак, металик сива на долниот дел од окото, а мат графитна сенка на самиот капак

3.Руменило во боја на роза

Во едно интервју, Меган призна како не би можела да живее без руменило во нијанса на совршена розева боја која и го освежува целото лице. Секако, руменилото мора да се адаптира на бојата на кожата на секоја личност, но во секој случај е „must have“.

4.Масло од шипка за блескаво лице

Маслото од шипка е дел од секојдневната рутина на за нега на лицето на Војвотката од Кембриџ

5.Соодветна фризура

Принцезата Дајана долго време носеше фризура која беше препознатлива за стилот на 80те. Но, по средбата со Сем Мекнајт, познатиот стилист во селебрити светот, таа ја промени фризурата во шик кратко потшишана, со што подоцна стана и икона на стилот, кога станува збор за фризурата. Многу познати дами и останати жени низ светот, го копираа стилот на Дајана

6.Хидрирани усни

Меките усни се императив за Меган. Важно е да одберете балзам кој има заштитен фактор во себе.

7.Научете како да се шминкате додека сте во движење

Брзањето не причина да изгледате несредно.

 8.Средена коса

Меган сака да носи пунџа, а за „непослушните“ влакна користи обична четка на која става лак за коса.

9.Боја на лак

Овие дами секогаш имаат нијанса во боја на кожа. Никогаш немаат лак за нокти кој е нападен и кој веднаш ќе привлече внимание.

10.Хајлајтер

Меган открива дека за да не изгледа уморно, секогаш користи хајлајтер кој и дава свежина на изгледот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот