10 руски атракции кои не смеете да ги пропуштите

0

Необична архитектура со препознатливи шарени куполи, бројни историски знаменитости кои сведочат за бурните времиња, глечерски планини како и фасцинантни гејзери се само дел од најголемите атракции кои Русија ги има во својата туристичка понуда.

Од сите нив, издвоивме неколку кои никако не смеете да ги пропуштите доколку патувате во Русија.

Транссибирска железница

Транссибирската железница се простира од Москва до Владивосток. Позната е како траса на руските цареви. Идејата за оваа железница е на рускиот цар Александар Трети, а нејзината изградба започнала во 1891 година. Оваа железница засекогаш ќе ја промени вашата перцепција за патување со воз.

1

Планината Елбрус

Планинскиот масив кој се наоѓа во Јужна Русија на надморска висина од 5642 метри е вистински магнет за искусните планинари и оние кои сакаат да ги освојуваат врвовите. Доколку немате кондиција за искачување, има жичара која ве носи до висина од 3800 метри надморска висина.

2

Долината на гејзерите

Оваа долина се наоѓа на полуостровот Камчатка и е туристичка атракција која освен туристите ги привлекува и научниците кои се уште ја истражуваат. Оваа долина е откриена во 1941 година од страна на Татјана Устинова, руски научник.

3

Островот Кижи

Се наоѓа на самата граница со Финска и го нарекуваат „музеј на отворено“. Црвквата „Преображение Господово“ висока 37 метри, куќи од дрво, ветерници се само дел од она што го нуди оваа локација.

4

Катедралата „Света Софија“, Новогорд

Висината на оваа катедрала е цели 38 метри и е украсена со 5 импозантни куполи. Оваа катедрала е најстариот црковен објект во Русија.

5

Бајкалското езеро

Многу туристи кои патуваат со Транссибирската железница, застануваат на ова езеро, кое се смета за најдлабоко и најстаро езеро во светот. Пејзажот едноставно речено, го одзема здивот.

6

Суздал

Суздал е град за оние кои се вљубени во историјата, фрескосликарството и традицијата..

7

Кремљ

Ако ја посетите Москва, Кремљ е атракција која мора да се доживее. Кремљ е составен од четири цркви изградени во 15-тиот и 16-тиот век и неколку значајни музеи. Во изложбениот простор на Кремљ, може да го видите и 190 каратниот дијамант кој некогаш го поседувала кралицата Катарина Велика.

8

Ермитраж

Овој музеј е основан во 1764 година од страна на Катарина Велика. Тој е еден од најголемите руски музеи на уметноста и културата и е чувар на богатото светско културно наследство. Во музејот има повеќе од три милиони експонати од сите страни на светот, од различни временски епохи.

9

Храмот на Свети Василиј

Се градел во периодот од 1554 година до 1561 година и сместен во срцето на Москва. Она што ги привлекува туристите е невообичаниот изглед на храмот. Дизајниран е да потсетува на оган со полн пламен и неговата архитектура е посебно ако го земеме во предвид перидот кога овој храм е изграден.

10

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар