10 работи заради кои ќе се каете ако ги направите

0

Еден човек не се смета за стар се додека на местото на соништата не настапи каењето  – John Barrymore.

Секој човек во животот се кае за нешто и тоа е сосема во ред се додека тоа не стане доминатнен дел од секојдневието. Во продолжение 10 работи заради кои со сигурност некогаш ќе се каете ако ги направите.

  • Ќе зажалите секогаш кога ќе прифатите работа само заради парите

 

Ако сте ја прифатиле работата едниствено заради парите, ако се случи да ве отпуштат ќе бидете понесреќни отколку кога сте ја прифатиле. Работете го тоа што го сакате, а ако го работите како што треба парите ќе ве следат.

  • Ќе зажалите за секоја пропуштена шанса

Без разлика дали се работи за професионална надградба или генерално за себенадградување, не се двоумете – прифатете ја шансата да научите. Искуството е тоа што го прави животот комплетен.

  • Ќе зажалите за секоја смс/електронска порака што ќе ја пратите во лутина

 

Дозволете да се смират вашите емоции, “оладете” ја главата и потоа седнете и напишете нова порака

  • Ќе зажалите секогаш кога ќе го изневерите вашиот партнер

 

Ако врската не е функционална, тогаш имајте доблест да го признаете тоа. Ако сте некаде излезени и пијани, а сте сретнале некого за една вечер, направете го истото како со смс пораката – почекајте и размислете за тоа што сакате да го направите. Трезни ќе размислувате поинаку. И секогаш ставете се на место на изневерениот.

  • Ќе зажалите ако се обидете да го поправите карактерот на вашиот шеф

Дури и да станува збор за најголемиот идиот на светот вие треба да се однесувате професионално до крај. Не е ваше да поправате нечиј карактер.

  • Ќе зажалите секогаш кога ќе се откажете од некоја ваша пасија

 

Можеби изговорот ќе биде дека немате време, дека децата ви го окупираат слободното време и простор, но тоа се само изговори. Делувајте кога пасијата ќе ве “нападне”. Препознајте го моментот.

  • Ќе зажалите за пропуштеното време со луѓето кои ги сакате

Можеби во овој момент тоа не го забележувате, но верувајте работата ќе ја доживувате помалку стресно, а ќе бидете многу попродуктивни.Оставете време за викенди со семејството, со децата, кои верувајте ќе го ценат тоа најмногу од се.

  • Ќе зажалите ако сте останале на работно место кое ве води во ќор – сокак

Ако сте на работно место на кое не постои шанса за напредок, а вие се уште давате 100 проценти од себе за да успее работата, тогаш време е да ја промените. Најдете работа каде ќе го ценат и наградат вашиот труд, а вие ќе имате време за себе и семејството.

  • Ќе зажалите секогаш кога ќе дозволите стравот да донесува одлука место вас

 

Знаеме дека платата на крајот на месецот се чека со нетрпение. Не си дозволувате да погледнете во иднината заради стравот кој завладеал. А кога човек се плаши тогаш греши. Бидете поинакви, оставете го стравот и тргнете напред.

  • Ќе зажалите за секоја ставена слика на фејсбук во пијана состојба

 

Ова ќе го оставиме без коментар, очигледна е причината.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот