10 причини зошто зимата и не е толку лоша

0

Еве што може да ви ја направи зимата поубава:

1.Звукот на крцкањето на снегот под нозете е посебен… и не го слушате секогаш. Дури не ни секој пат кога ќе наврне снег. Но оваа зима тој навистина крцка.

2.Во зима можете да си легнете под топло ќебе, да ја земете книга, да пуштите филм или серија и да им кажете на сите дека сте зафатени. Без грижа на совест. Ова е најубавиот период од годината за излежување и за одморање.

3.Или, можете да пиете топло чоколадо кога и да посакате, да каснете сутлијач или да пиете варено вино… Во лето заборавате на овие задоволства.

4.Улиците можете да ги користите како тобоган. Добро, можеби не вие, но вашите деца.

5.И кога, освен во зима, ќе можете да направите Снешко? Уживањето и на 5 и на 55 години е исто, бидејќи Снешко е посебен.

6.Можете да правите и тунели од снег, особено ако живеете на повисоко место каде што снегот паѓа многу или ако се најдете на планина и ве „затрупа“. Ама, потоа ќе имате приказна којашто ќе можете да ја раскажувате.

7.„Тепањето“ со снежни топки е секогаш забавно.

8.На снег нема никогаш да ви биде здодевно. Посебно ако најдете тенок мраз кој ќе почне да крцка под вашите нозе.

9.Само во зима можете да ги носите сите шамии, шалови и капи што ги купувате постојано, а потоа ги чувате скриени некаде.

10.Заради студот на зимата, уште повеќе ќе го сакате топлото лето.

Уживајте во зимата. Нема долго да трае.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот