10 прашања за одмор со деца

0

1.Кој костим за капење е идеален за мајките?

-Секој што прави да се чувствувате убаво.

2.Колку често треба да ги мачкам со крема децата додека се на плажа?

-Зависи дали се ваши или туѓи деца.

3.Како да ги натерам децата да се бањаат во морето и кога има бранови?

На истиот начин на кој ги убедувате дома да ја измијат косата.Никако!

4.Како да имам тело како од списание?

Платете му на некој што добро работи фотошоп за да може да ги среди фотографиите од одморот.

5.Како да бидам единствената жена во која мојот маж ќе гледа додека сме на плажа?

-Летувајте на пуст остров.

6.Колку рано треба да почнам да го планирам одморот со деца?

-Колку и рано да почнете со планирање, пак нема да биде по план.

7.Што ако не успеам да го „тргнам“ постпородилниот стомак додека одиме на море?

-Секогаш можете пак да затрудните.

8.Моето дете секој ден јаде песок на плажа. Треба ли да се грижам?

-Немојте да се секирате, песок има доволно.

9.Како да се одморам со деца?

Почекајте да одат на факултет.

10.Која е идеална дестинација за одмор со деца?

-За децата, секоја дестинација е идеална. За вас – која било кога децата се кај бабите и дедовците.

Извор: MamaKlik.rs 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот